Воспитување

Зошто не сакам да воспитувам добро дете?

Мојата ќерка Ноа има една чудна навика да ги преврти очите и да ме погледне намуртено секогаш кога од неа ќе побарам да направи нешто. Потоа ќе продолжи да го прави тоа што го наумила. Ќе ѝ кажам дека е време за спиење, а таа само ќе ми го упати истиот поглед и ќе си продолжи по свое. Во овој случај, да си гледа телевизија.

Пред неколку дена бевме да гледаме фудбалски натпревар. Ѝ кажав на Ноа да ја поведе и сестра си со себе, но таа повторно ми ја покажа истата гримаса и си продолжи по свое.
Секогаш кога ќе ја видам таа гримаса ѝ кажувам да престане. „Не гледај ме повторно така, што си замислуваш ти?“ – ѝ велам. Но, секако, таа ги игнорира моите зборови.

Колку и да не ми се допаѓа, колку и да ми оди на нерви, на крајот на денот одлучувам да ја почитувам нејзината цврста одлучност.

Пред сѐ, јасно е дека јас сакам да одгледам добри деца, но не сакам да одгледам деца со ниска самодоверба или деца кои не се борат за она што го посакуваат.

Пред да станам родител ја слушав сестра ми како постојано се жалеше од нејзините ќерки. Се жалеше дека нејзините ќерки никогаш не ја слушаат и не ѝ обрнуваат внимание. Јас ѝ велев дека таа одгледува силни жени. Таквите жени имаат најголема шанса да станат претседател, директор, министер. „Ти треба да ги охрабруваш“ – реков. Мелиса ми упати поглед со кој ми кажуваше дека не знам што зборувам.

Можеби навистина не знам што зборувам. Тешко е да се живее со храбри деца. Во тоа нема сомнеж. Но прашањето што си го поставувам е: Каде е границата? Кога треба детето да биде добро, а кога да се бори за своите ставови? Да се бори за себе и за своите пријатели. Да биде личност која ќе се залага за своите права – да бара повисока плата кога смета дека заслужува и да не дозволува насилство.

Да бидам искрен, јас не сум еден од посилните. Се сметам себеси за добра личност и кога ќе почнам да размислувам за мојот живот сфаќам дека имало денови кога сум требало да барам повеќе. Да се борам повеќе, да се залагам за нешто или за некого. Да направам промена во светот. Не сакам и моите деца да живеат така. Да се прашуваат што би било кога би било.

Но, тоа е смислата на родителството, нели? Да ги поддржиме добрите особини на децата, а да ги поправаме лошите.

Затоа, кога Ноа повторно ми го покажа нејзиното намуртено лице, седнавме и разговаравме. Ѝ зборував за почитта. Ѝ реков дека сакав да израснам силна и цврста жена, но кога станува збор за помагање на семејството, таа мора да ме почитува.

Неколку месеци подоцна, додека седевме во паркот, повозрасно момче удри едно мало девојче. Ноа веднаш отиде да му се спротивстави на момчето. Изненадувачки, момчето се повлече и си замина. Потоа Ноа му помогна на девојчето да стане.

Вака изгледа одгледувањето храбри деца. Да им се укаже кога прават грешки, но и да се поддржат кога се борат за она што е правилно.

Автор: Квин Едвардс

Поврзани написи

To top