Воспитување

Зошто не е доволно да се биде само мајка?

Мајчинството е привилегија која е под притисок на општеството. Тоа е патување од кое многумина би сакале да бидат дел, но не им е дозволено. Сепак, мајките се справуваат со стигматизација во однос на тоа што би требало да бидат мајките и жените. Зошто да се биде мајка значи и соочување со толкав критицизам?

Мајките се соочуваат со осуда секој ден. Гледаме текстови и написи кои секојдневно ни кажуваат најдобри начини за да бидеме родители. Социјалните медиуми се преплавени со наметнати и лажни реалности во однос на тоа што значи да бидеш мајка. Мајчинството е заедница исполнета со несакани совети и мислења маскирани како поддршка. Тоа е кога мајката се советува за тоа како да дисциплинира, храни и воспитува деца. Тешко е за мајка да си ја пронајде својата група на мајки кои имаат безусловна поддршка во име на пријателство и солидарност. Притисоците во рамките на мајчинството се зачудувачки, но не сопира сè тука.

Не е работник на месецот, нема покачувања на платата или платен одмор

Светот ја има таа идеја дека жената треба да биде повеќе од мајка. Жената може да направи сè. Да има образование, успешна кариера и брак, додека одгледува и воспитува мали индивидуи кои еден ден ќе направат разлика во општеството. Па, зошто не сте повеќе од мајка? Ни кажуваат дека не е невозможно. Секој ден ни се кажува дека треба да правиме сè. Неверојатно е да се види што сè може да постигне една мајка. Ние сме извршни директори, лекари, претприемачи.

Ние сме студенти кои бараат повисоко образование, жонглираме помеѓу повеќе работи додека се бориме да го однесеме детето на неговата воннаставна активност.

Но, што ако таа сака да биде само мајка?

Таа не е општествен неуспех ако нема кариера дефинирана според платата. Не е некомпетентна бидејќи нема висок степен на образование. И не е мрзлива бидејќи нејзината куќа не е чиста и вредна за на „Инстаграм“. Нејзината улога да биде мајка е за восхит. Нејзината работа поминува непризнаена. Не е работник на месецот, нема покачувања на платата или платен одмор. Среќна е ако добие пауза од половина час за ручек или ако отиде во веце сама. Менаџира играње, активности, оброци, термини за на лекар и едуцира. Поминува безброј часови од животот покажувајќи им на децата како да си ги мијат забите, како да бројат, да бојат во рамките на линиите, да ги врзуваат врвките на обувките. Нејзините живот е посветен на оние што ги создала.

Нема време за исклучување. Мајката е секогаш тука, таа го слуша кашлањето во ноќта. Таа лежи на кревет правејќи распоред во умот. Размислува за тагите во светот и како да ги маневрира децата преку нив. Нејзиниот ум, тело и душа им припаѓаат ним. Тоа е патување кое трае цел живот, исполнет со грижа, надеж и безусловна љубов.

За сите мајки што секој ден се борат да ја заштитат невиноста на своите деца, која еднаш ќе исчезне низ грубите раце на реалноста, ве гледаме. Ајде да ја препознаеме и валидизираме силата која е потребна за да се биде мајка. Да ги цениме битките кои мајките ги носат на својот грб. Да, можеби е само мајка. Но, прави се. И тоа е доволно.

Автор: Сара Грин

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top