Истражување по истражување, се докажува она што го претпоставувавме… Тоа е суровата вистина со која се соочуваат нашите деца. Како наставник и детски терапевт, многу пати сум слушнала од родителите дека нивните деца се однесуваат непристојно и дека се осамени и тажни.

Со пријателката разговаравме за генерацијата „јас“ и се согласивме дека времето предвидено за користење уреди, како телефон и компјутер, и ставот „мое, мое, мое“ во голема мера влијаат врз оваа појава. Поврзано со оваа тема, прочитав статија за момче и неговото играње видеоигри за време на семеен собир.

– По еден час играње, подготвена сум за неговата хистерија. Неговиот мозок и психа се претерано загреани и возбудени. Неговиот нервен систем е со најголема брзина и тој останува таму додека се обидува да реши одредени ситуации, стратегии, се обидува да преживее и да ја одбрани територијата. Неговиот пулс се забрзува и крвниот притисок му се зголемува – тој е подготвен да се бори. Екранот буквално му ги фиксира очите во една позиција и му испраќа сигнал по сигнал. Надвор е убав ден и сè уште не е време за спиење. И тој е подготвен да се бори и да трча.

Приказната продолжува со неговата помала сестра, која доаѓа и ја става раката преку екранот. Тој не забележа кога таа дојде кај него бидејќи беше внесен „во играта“. Поради пренагласените чувства, тој почнува да вреска и истрчува од собата. Неговата мајка го следи и му вели да ја напушти играта и да почне да се подготвува за спиење, што го лути и го прави и психички и емоционално лут. Тој е оттргнат од неговиот забавен виртуелен свет и се врати во досадниот реален свет. Децата не можат да се приспособат толку брзо. Ова се случува цело време, но можеме да помогнеме.

Оставете ги да се досадуваат

Семејствата што се премногу насочени кон децата ги прават родителите нервозни и истоштени, а децата имаат многу барања и се непристојни. Денешните родители премногу брзо се жртвуваат за своите деца. Повеќето од нас ги направија децата центар на семејството, имаат приоритет пред нашето време, енергија и внимание. Наместо да им дозволиме да најдат начин сами да се забавуваат, ние им наоѓаме забава. Забораваат како да се забавуваат и забораваат да ја пуштат фантазијата.

Оставете ги сами да се снајдат

Децата и тинејџерите се прилично флексибилни и снаодливи кога ги оставаме сами. За жал, родителите се плашат да им дозволат на своите деца да управуваат самостојно со времето. Време е да го смениме тоа. Не е лесно да се гледа како вашето дете не се справува со нешто. Не е лесно да го гледате кога е тажно, изнервирано или погодено. Сепак, полесно е да го оставите да паѓа на оние ситници што му се случуваат сега (на пример, кога не ги завршува домашните задачи, па мора големиот одмор да го помине во училницата како казна) отколку да страда многу повеќе кога ќе порасне (на пример, заборава да ја плати ратата за заемот и ја губи куќата).

Нека играат во реалниот свет

Брат ми ми кажа дека децата во средното училиште каде што е директор повеќе сакаат да се дружат на социјалните мрежи отколку да поминуваат време едни кај други. Затоа почнав повнимателно да ги разгледувам работите. Од многу истражувања знаеме дека времето поминато со други луѓе е еден од најдобрите показатели за добра ментална состојба и еден од најдобрите начини за спречување на менталните болести.

Времето што го поминуваме на социјалните мрежи може да создаде чувство на завист и погрешно верување дека другите имаат посреќен и поуспешен живот.

Денешните тинејџери и деца едноставно не поминуваат доволно време со пријателите во живо. Не одат заедно на прошетки, ниту одат едни кај други. Тие не играат игри заедно. Последица на ова е нивното незнаење да ги читаат туѓите емоции и да даваат поддршка.

Овие социјални вештини се вредни, а истражувањата докажуваат дека тие се клучот за просперитетна иднина. Одличните социјални вештини, во комбинација со интелигенцијата, се сметаат за клуч за да се добие добро платена работа.

Лидерството бара да бидете социјално способни. Всушност, вашите социјални вештини се исто толку важни како и интелигенцијата кога станува збор за успехот.

Оставете ги да изгубат

Поддржувам наградување на детето, но не постојано. Не само што наградата го губи шармот туку и ги навикнува децата да бараат материјални награди наместо духовни. Дилемата за трофејот нема да ги мотивира на долг рок.

Додека ние сакаме нашите деца да ги прават сите овие работи без приговор, нивните шефови/ сопружници нема да бидат толку приспособливи. Тие нема да добијат бонус или продолжена пауза доколку ја завршат работата навреме. Тие нема да бидат ослободени од плаќање на заемот бидејќи навреме платиле за последната рата. Да, тешко е да ги научите на ова.

Како можеме да помогнеме како родители?

Десет минути на ден – Дали знаете дека просечен родител поминува помалку од 20 минути на ден играјќи со децата? Обидете се да се поврзете со вашите деца секој ден. Имајте обврска да поминувате 10 минути со секое ваше дете, без електронски уреди, без таблети, без телевизија.

Нека се досадуваат – Немојте секогаш да бидете под притисок размислувајќи како да го исполните времето на вашето дете. Ако му е досадно, тоа нема да го убие – всушност, ќе го направи посилно.

Научете ги да прават работи со кои ќе се гордеат – Не сакам моите деца да ме прашуваат што ќе добијат ако направат нешто што ќе им кажам, како миење заби или ставање на чевлите на место. Ако постојано ги наградувате, тие и во иднина ќе бараат некоја награда за секоја едноставна работа што ќе ја направат.

Разговарајте – Поминете ја вечерта во разговор, разговарајте со нив кога ќе се вратат од училиште.

Дајте им одговорности – Обврските низ домот се многу повеќе отколку чистење. Тие ја зголемуваат нивната самодоверба. Ги учат за работата. Учат да се грижат за работите и учат да бидат дел од нешто поголемо од нив самите.

Време за спиење – Потребно е да воспоставите вообичаено време за спиење. Губењето еден час сон има огромно влијание врз когнитивното созревање и развој.

Поставете ограничувања за употребата на електронските уреди – Дома имаме едноставно правило: нема уреди во текот на училишната недела, освен ако не е нешто што заедно би го правеле, како на пример гледање телевизија.

Бидете тука за нив – Дајте им до знаење дека сте тука за нив. – Ако си понекогаш тажен или се чувствуваш изоставено од нешто и не можеш сам да се справиш, дојди кај мене – ова се зборови што често треба да му ги повторувате. – Јас сум тука за тебе секогаш.

Оставете го телефонот – Поставете си правило дека ќе ја ограничите употребата на онлајн-работите додека децата се дома. Одредете го времето кога ќе ги оставите вашите уреди.

Учете ги давајќи им пример – Ако сакате вашите деца да се променат, прво вие треба да се промените. Покажете им на децата кои се вашите приоритети: семејството, сопругот. Однесувајте се онака како што би сакале вашите деца да се однесуваат и тие брзо ќе ги следат вашите стапки.

Имаме само 18 години да всадиме квалитети што ќе траат цел живот. Не дозволувајте да жалите за нешто што сте го пропуштиле.

Автор: Александра Ивковиќ
Извор



912

X