Здравје

Зошто мајките (речиси) никогаш не се разболуваат

Иако децата, кога се мали, обично не сакаат да ги споделуваат своите работи со другите, има нешто што со големо задоволство го споделуваат со сите, а тоа се вирусите и бактериите. Најчесто ги разменуваат со другарчињата во градинка и ги носат дома да го почестат целото семејство. И додека мајките понекогаш се разболуваат, тие со текот на времето стануваат поотпорни.

Шелдон Коен и неговите колеги од Универзитетот „Карнеги Мелон“ во Питсбург спровеле интересна студија која дала уште поинтересни резултати. Учесниците во студијата се согласиле да им се вбризга вирусот на грип или риновирус во носот. Половина од нив биле родители, додека другата половина од учесниците немале деца. Резултатот покажал дека родителите имаат дури 48% помали шанси да развијат инфекција, во споредба со оние што немаат деца!

Мајките немаат време да бидат болни

Може да се каже дека мајките се меѓу најздравите видови на планетата. Зошто е тоа така? И тие, како и сите други, постојано се изложени на влијание на над 200 различни бактерии и вируси. Покрај тоа, мајките се изложени и на оние бактерии што ги донеле дома нивните наследници. Во таква ситуација, не е потребно многу за имунолошкиот систем на мајката да ги запознае повеќето вируси што најчесто се појавуваат. Соочувајќи се со толку многу различни вируси и бактерии, телото на родителите учи подобро да се брани од оние што немаат „среќа“ постојано да бидат изложени на можноста од инфекција. Имунолошкиот систем на мајката (а често и таткото) оди во одбрана, си ја врши работата, без ние воопшто да знаеме што се случува во нашето тело.

И тука лежи одговорот на тоа прашање – како мајките никогаш не се разболуваат, додека остатокот од семејството се разболува од секој вирус на кој ќе наиде. Но, има уште нешто.

Позитивни врски, а не позитивни тестови

Луѓето што се социјално поактивни и градат позитивни односи со луѓето во нивната околина поретко се разболуваат, вели д-р Џон Темте од Универзитетот во Висконсин. Не е сосема јасно зошто, но можно е причината да е тоа што се ментално поздрави.

Вистината за имунитетот

Научниците немаат идеја зошто некои луѓе се разболуваат поретко од другите, иако често немаат поздрави навики или подобра исхрана. Оваа тема е предмет на многу истражувања, а сѐ што се пишува се всушност претпоставки на научниците. Да, факт е дека родителите помалку се разболуваат од оние што немаат деца, но зошто е тоа така – засега можеме само да претпоставуваме. Одговорот главно лежи во генетиката. Бидејќи нашиот имунолошки систем е многу сложен и секој од нас има различен имунолошки систем – речиси како отпечаток од прст.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top