Игротека

Зошто мајките остануваат будни дури и кога очите сами им се затвораат?

Децата спијат, конечно. Легнав на кревет, со лаптопот во скутот, а мојот сопруг тивко брбори нешто во сон. Иако капаците на очите сами ми паѓаат, ќе изгледам една епизода од мојата омилена серија. Секоја вечер мојата очајна потреба за сон се соочува со мојата желба да имам барем малку време за себе.

Моментите во мир во кои никој (веројатно) нема да ме прекине во она што го правам преку ден не постојат. Затоа, навечер, како и милиони други мајки, одбирам да останам будна барем еден час по сите, иако душата веќе одамна ми спие.

А што прават мајките кога не спијат?

1. Ги проверуваат профилите на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“.
2. Бараат и зачувуваат различни кулинарски рецепти, иако знаат дека поголемиот дел од нив никогаш нема да стигнат да ги направат.
3. Пребаруваат предмети за дома, како што се нови завеси, килими, тапети…
4. Купуваат шминка, серуми, велосипед за детето или справа за вежбање преку интернет. Ја полнат онлајн-кошничката, а никогаш не нарачуваат.
5. Гледаат филмови, а почесто серии (филмовите траат предолго).

6. Додека гледаат серија, ја средуваат облеката, а понекогаш и пеглаат.
7. Ги средуваат ноктите, ставаат маска на косата и на лицето. Проблем е само ако некое дете се разбуди, а вие влегувате во мрачната соба зелени како чудовиште. Сметајте дека таа ноќ никој нема да спие.
8. Уживаат во моментот кога никој не ги влече за ногавица.
9. Читаат книги.
10. Бараат и чуваат нови ултрамагични диети и правила за здрава исхрана.

11. Одлучуваат дека од утре се на диета, но бидејќи тоа утре е само за еден час, јадат цела кутија со кекси.
12. Уживаат во тоа што на звукот на отворање на кутијата со кекси никој не вели: „Мамооо, што јадеееш?“
13. Прават листа со фантастични дестинации за одмор кои сакаат да ги посетат иако знаат дека тоа ќе остане само на хартија.
14. Гледаат фотографии од децата на телефонот кои ги има помеѓу 10 и 15 илјади (зошто веќе им недостигаат).
15. Тагуваат во темница затоа што бебињата толку брзо им пораснале.
16. Се допишуваат со пријателките кои, како и нив, го имаат својот момент на мир.

Поврзани написи

To top