Игротека

Зошто мајките ја кажуваат возраста на своите деца во месеци?

Често слушаме како мајките велат дека нивното дете има 18 месеци, а не една и пол година. Уште почесто луѓето се нервираат поради тоа, па се прашуваме која е причината и дали возраста на детето воопшто треба да се изразува со месеци?

Веб-страницата „The Cut’s Laura June“ дава краток одговор. Иако не постои „култ на броење“ на возраста на детето, изразувањето на возраста на детето во месеци е едноставно попрецизен и попрактичен начин на комуникација бидејќи детето на таа возраст се менува и се развива исклучително брзо (поточно, од месец во месец).

Ако кажете дека вашето дете проодело на една година, тоа е информација што ќе може да ја каже речиси секој родител, бидејќи и неговото дете проодело на една година, но ако го искажете тоа во месеци, има разлика.

Броењето на возраста на детето во месеци е важно за „новите“ мајки со цел полесно и побезбедно да го следат процесот на развој и да ги споделат своите искуства, прашања и проблеми со семејството и остатокот од заедницата. Се разбира, веќе во третата година од животот ова не е потребно.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top