Веб-страницата „The Cut’s Laura June“, односно колумната „Прашај мајка“, дава краток одговор – оти тоа им треба.
Иако не постои „култ на броење“ на возраста на детето, изразувањето на детската возраст во месеци едноставно е поточен и попрактичен начин на комуницирање, бидејќи детето во тој период со застрашувачка брзина (поточно од месец во месец) се менува и развива.
Кога би рекле дека детето почнало да оди на една година, тоа е податокот кој речиси секој родител може да го изговори, бидејќи нивното дете почнало да оди на една година, но ако тоа го изразите во месеци, настанува разлика.

Броењето на возраста на детето во месеци е важно за новите мајки за полесно и посигурно да го следат развојниот процес и да ги споделат своите искуства, прашања и проблеми со семејството и остатокот од заедницата. Се разбира, веќе во третата година од животот тоа не е потребно.
Автор: Маја Томиќ