Воспитување

Зошто мајките почесто ги носат бебињата на левата страна?

Едно од нештата што често доаѓаат природно по породувањето е носењето на бебето на левата страна, а сега ова е потврдено и со истражување. Имено, резултатите од истражувањето открија дека околу 70 до 80 проценти од жените ги носат своите бебиња на левата страна.

Неверојатно, но носењето бебе е нешто што започнува долго пред жената да се породи.

-Тенденцијата да се направи тоа се појавува пред мајчинството и се покажува рано во развојот. Дури и девојчињата од предучилишна возраст покажуваат јасна преференција кон левата страна кога станува збор за носење кукли и играчки со големина на новороденче – се вели во истражувањето.

Зошто левата страна е поприродна?

Истражувачите конкретно ги проучувале моржовите и лилјаците бидејќи мајките и бебињата од тие видови се познати по нивната блиска врска. Тие заклучиле дека мајките ги држеле своите бебиња на левата страна за подобра комуникација, бидејќи информациите од левото видно поле се обработуваат во десната страна на мозокот.

-Десната страна контролира многу аспекти на социјалното однесување – објаснува д-р Енди Гилов, автор на студијата, додавајќи дека поголемата вклученост на десната страна овозможува оптимална обработка на социјалните информации.

Токму ова им помага на мајките и нивните потомци да го забележат и да реагираат на однесувањето, бидејќи десната страна на мозокот е одговорна за јазикот и емоционалните сигнали и вклучува извршување задачи како што се препознавање лица и емоции.

Затоа, носењето на вашето бебе на левата страна ви помага подобро да видите и да разберете што прави вашето бебе, а можноста да ги толкувате сигналите на вашето бебе и да одговарате на неговите потреби го поттикнува зближувањето. И, најдобро од сè – тоа е сосема природно!

Извор

Поврзани написи

To top