Образование

Зошто лулашките се важни за детскиот развој

Низ игра и во пар децата ќе научат многу, велат експертите. Тие препорачуваат детето да се лула на лулашки во паркот со уште едно другарче. На тој начин децата учат да бидат кооперативни, подобро да соработуваат и да бидат тимски играчи.
Ова е заклучокот на експертите од Универзитетот Вашингтон. Според студијата, лулашките се многу важни за развојот на децата заради ритмичното, синхронизирано движење, кое детето мора да го научи за да знае да се лула, а во друштво со други деца, освен што ќе ужива, тоа и ќе научи многу работи.

Кога децата ги користат лулашките едно до друго, тие се обидуваат да се синхронизираат и на тој начин во нив се буди чувството за заедништво. Учат како да се поистоветат со другите, ги откриваат заедничките карактеристики и се охрабруваат себеси да остварат комуникација и соработка со другите. Сето тоа води кон полесно решавање на проблеми во идните задачи, посебно кога ќе им биде потребна дополнителна помош.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top