Летото навистина е тука, и за разлика од 2020 и 2021 година, постои шанса да направите нешто возбудливо. Или можеби не? Одлично е што времето е топло и сето тоа. Но, дали летото е навистина добро за родителите? И не баш. Летата се уште пострашни за родителите. Еве зошто.
Без посебен редослед во продолжение ви даваме 14 причини зошто е тоа така.
Топли седишта во автомобилите – Седиштата во автомобилите отсекогаш се главоболка за родителите. Загреаните кожени седишта може да предизвикаат правилното поставено автомобилско седиште полека да се поместува и да дојде во погрешна положба. Затоа, време е да направите проверка и тоа треба да го правите на секои три недели во текот на летото.
Ставање крем за сончање на децата – Не е важно колку години има вашето дете, ставањето крем за сончање е страшно затоа што детето не сака да го мачкате. Вреска, дава отпор и паничи.
Кампот „баба и дедо“ ги потврдува вашите најлоши стравови – Отсекогаш сте се сомневале дека вашето дете повеќе ги сака вашите родители. Летото ви ја дава таа потврда. Одењето кај баба и дедо детето го доживува како рај: гледа што сака, јаде кога сака и што сака и никој не му кажува што да прави.
Песок – Песокот е страшен. Децата го јадат. Останува во автомобил засекогаш и се меша со сладолед и крем за сончање.
Децата очекуваат постојано да бидат надвор – Друг кошмар е тоа што во текот на летните месеци децата сакаат постојано да бидат надвор. За разлика од зимските месеци, нема изговори.
Почесто капење – Го знаете моментот кога можете да се извлечете да не го капете детето секој ден? Тоа го нема во текот на летото. Вашето дете буквално ќе смрди ако не го капете секој ден. Понекогаш и двапати денот.
Нетрпеливост и вознемиреност поради жештината – Ако ви е жешко, тоа значи дека останувате без здив. Тоа значи дека сте нетрпеливи. Сега, на сето тоа додајте го фактот дека сте родител.
Вашето дете моча во базенот – Веројатно токму сега, додека пливате покрај него.
Сите пелени за пливање се ужасни – Ако вашето дете сè уште носи пелени, тогаш се борите со ужасните пелени за пливање.
Агресивната сончева светлина и подолгите денови ги уништуваат дремките – Вашето дете легнуваше во 19.00 часот зимата. Тоа функционираше. Но, во лето, вашето дете знае дека е дење барем до 20.00 часот и не сака да спие.
Родителите живеат во постојан страв од дехидрација – Сите знаеме дека треба да пиеме вода во лето. Но, кога сте родител, ова е уште пострашно.
Одморот не е одмор – Планирањето на одморот не е релаксирачко кога имате деца.
И понатаму одите на работа – Секако, сите се забавуваат, а вие одите на работа и ја пропуштате летната забава со вашите деца.
912