Игротека

Зошто Кејт Мидлтон и принцот Вилијам секогаш се наведнуваат кога разговараат со деца?

На фотографиите од Кејт Мидлтон и принцот Вилијам секогаш се забележува една сличност. Знаете ли што е тоа?
Кога им се обраќаат на своите, но и на други дечиња, Вилијам и Кејт се наведнуваат за да се спуштат на нивно ниво, гледајќи ги в очи и слушајќи го со внимание.


Овој начин на разговор со своите деца постојано се повторува, а се претпоставува дека овој брачен пар ги засновал своите родителски методи според психологот Карл Роџерс, кој во 1957 година година овој вид на комуникација со децата го нарекол „активно слушање “.

Кога родителот му се обраќа на детето од висина, често доаѓа до недоразбирање, бидејќи постои одредена психолошка дистанца која родителот  ја прави во тој случај.
Кога родителот се спушта на нивото на детето, тоа ги разбира зборовите на возрасните, а со тоа развива и емпатија. На овој начин психологот тврди дека одлично се работи за добивање доверба кај децата.


Прекрасен метод, нели?

Поврзани написи

To top