Воспитување

Зошто им велам на децата „те сакам“ барем еднаш дневно

Секое утро се будам истовремено со моите три тинејџери и додека тие слегуваат по скалите, ги прашувам како спиеле и им кажувам дека ги сакам. Секој треба да го слушне тоа откако ќе се разбуди. Потоа, кога излегуваат од домот, им го кажувам тоа уште еднаш. Сите треба да го слушнат ова секогаш кога излегуваат од вратата и влегуваат во автомобилот.

Им велам дека ги сакам и кога си праќаме пораки и се поздравуваме. Тоа е најдобриот начин за да се заврши разговор. Ги кажувам тие три збора пред да го завршам телефонскиот разговор и кога одат на спиење.

Ја искажувам мојата љубов кон нив кога поминуваат низ тежок период, но и кога прават нешто смешно. Тоа им пречи сега бидејќи се поголеми. Обично велат „те сакам и јас“, но има периоди кога ги превртуваат очите и велат: „Знам, мамо! Постојано ми го кажуваш тоа“.

Има луѓе што не сакаат често да ги користат овие зборови бидејќи сметаат дека ќе го изгубат своето значење. Јас не сум една од нив. Никогаш не сум искусила таков вид љубов каква што чувствувам за моите деца. Безусловна е во секоја смисла на зборот. Нема друг начин на кој можам да ги изразам емоциите освен постојано да го кажувам тоа. Дури и да вложам напор да не го кажувам тоа толку често, не би успеала. Изгледа емоциите едноставно излегуваат од мене кога се работи за моите деца.

Секојпат кога ќе го кажам тоа, свесна сум и го мислам со целото мое битие. Сфаќам дека како што растат моите деца, стануваат понезависни и годините поминати со нив се намалуваат, дека има помалку начини на кои може да им ја покажам мојата љубов. Вечерите кога ги носев во кино и кога печевме колачиња се поминати. Имаат свој приватен живот и ретко сакаат да бидат дома. Се потпираат на своите пријатели повеќе отколку што се потпираат на мене за совет и утеха.

Се сеќавам дека го правев истото, па затоа се обидувам да не го сфатам лично нивното отсуство. Веројатно тоа што постојано им кажувам дека ги сакам ми помага да ја надминам празнината што ја чувствувам кога не се присутни. Ми помага да ги цементирам чувствата што ги имам за нив. Добра замена е за искажување на фактот дека ми значат толку многу и дека се најдоброто нешто што ми се случило. Но, мислам на тоа секојпат кога ќе им речам „те сакам“ на моите деца, без разлика дали слегуваат по скалите или им ги испраќам тие зборови преку порака.

Па нека продолжи да ги нервира моето изразување на чувствата. Секогаш ќе им кажувам колку ги сакам. Едноставно ќе го правам тоа.

И еден ден, ако станат родители, ќе знаат за што зборувам.

Автор: Кејти Бингам Смит

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top