Игротека

Зошто финскиот образовен систем е еден од најдобрите во светот?

Финскиот образовен систем е еден од најдобрите во светот. Еве како функционира…

– Образованието во Финска е бесплатно и еднаквиот пристап е уставно право. Децата не мора да одат на училиште до нивната седма година за да можат да го поминат детството во игра. Тие може да посетуваат субвенционирани претшколски програми, базирани на учење преку игра.

– Учениците во Финска полагаат само еден стандардизиран тест, на крајот од нивното средношколско образование. Наставниците си поставуваат сопствен систем за оценување. Професијата наставник е една од најпочитуваните во Финска. Сите наставници мора да имаат магистратура.

– Финските ученици поминуваат 2,8 часа на домашни задачи неделно.

– Продолжувањето на образованието по 16-тата година е изборно. Сепак, 90 отсто од нив се одлучуваат да продолжат.

– Учениците можат да изберат помеѓу две опции за продолжување на образованието – или генерално образование, што типично води до универзитет, или вокациско образование што вклучува стажирање. Но, опциите се флексибилни и учениците можат да ги променат.

– Универзитетите се бесплатни, а образованието на возрасните е доста промовирано и субвенционирано.

Финска постојано се рангира на високо место на ПИСА-тестирањето за образование во ОЕЦД-земјите.

Поврзани написи

To top