Воспитување

Еднаквото родителство – повеќе време за живеење!

Додека има 54 студии што потврдуваат дека децата имаат повеќе придобивки кога разделените или разведени родители споделуваат приближно еднакво време со нив, постојат и многубројни придобивки за мајките и татковците што делат 50/50 од обврските за старателство и родителство.

Ова се 4 причини поради кои еднакво споделеното родителство е добро и за родителите и за децата.

И двајцата родители имаат време да ги изградат своите кариери и приходи

Финансиската борба за одржување два дома, како и трошоците за одгледување деца, често е стресен фактор број еден кај разделените родители. Во многу ситуации на врвот на листата се трошоците за нега на децата. Кога двајцата родители имаат еднакви одговорности за времето и логистиката во однос на грижата за децата, тоа значи дека двајцата имаат и еднакво време настрана од своите деца. Овие часови може да се искористат за работа, почнување бизнис, инвестирање во напредна едукација, тренинг и работни патувања. Тоа доведува до:

Поголема еднаквост во родителството

Историски, распоредот за старателство обично ѝ е повеќе наклонет на мајката. Иако ова често е случај, судовите имаат тенденција да донесуваат одлуки кои ќе ги промовираат еднаквоста и рамномерната распределба на старателството. Кога и двајцата родители ќе имаат еднакво време со децата, родителските улоги се изедначени во секој дом. Без разлика дали едниот партнер повеќе е за дисциплината, а другиот дава емоционална утеха, двајцата родители ќе ја исполнуваат својата улога додека поминуваат време со своите деца. Ова ќе помогне при охрабрувањето посилни врски помеѓу децата и секој од родителите индивидуално. Исто така, во вакви случаи од голема вредност за децата е да ги согледаат и двете улоги на родителот – стереотипните „женска“ и „машка“ улога, со цел да се срушат културолошките норми преку промената што ќе доведе до тоа децата, но и возрасните, да немаат очекувања базирани само на полот на родителот.

Еднаква финансиска поддршка

Додека родителите што имаат еднакво време за грижа за децата имаат и еднакво време за работа и заработувачка, мерките за поддршка сè уште се достапни за многу семејства. Сепак, многумина коментираат дека моменталните системи за поддршка на детската грижа се полни со маани. Во САД само 44 отсто од родителите што примаат финансиска поддршка ја добиваат целата сума.

Сепак, студиите посочуваат дека родителите што поминуваат квалитетно време со своите деца имаат поголема веројатност да ги издржуваат финансиски. На пример, една студија за татковци со ниски примања, објавена во 2015 година, открива дека татковците што не можеле да земат финансиска поддршка од државата, а ги гледале своите деца регуларно, давале двојно повеќе придонес во однос на облека, пелени, храна, работи потребни за на училиште, за разлика од татковците што не ги посетувале децата регуларно. Оваа студија покажува дека еднакво поминато време со децата значи дека едниот родител нема да биде пооптоварен и со трошоците и со обврските воопшто.

Повеќе време за живеење!

Таквите родители се во подобра позиција, односно може да инвестираат и во активности надвор од родителството и работата: вежбање, одмор, хоби, волонтерска работа, време со пријателите и романса.
Нема студија што го презентира тоа во бројки, но преку интеракцијата со илјадници самохрани родители годишно можам да го кажам следното:

1. Недостигот на слободно време е број еден предизвик пријавуван од родителите што поминуваат поголем дел од времето со децата.
2. Овие родители пријавуваат вина, стрес и дури уште повеќе вина кога излегуваат или инвестираат пари во дадилки, за да можат да уживаат една вечер во слободно време, или на викенд со пријатели.

Кога родителите споделуваат еднакво време за грижа со децата, и двајцата се ослободени и во време и во пари, за да бидат посреќни, поздрави родители, но и луѓе воопшто.

Автор: Ема Џонсон

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top