Игротека

Зошто е важно децата да учат бонтон, откријте во новата книга од „Светот на Биби“

Досега сите дечиња научија колку е важно да се мијат рацете, но дали знаат правилно да ја одржуваат личната хигиена, дека за да бидат чисти и здрави, треба редовно да се бањаат, а и често да ја менуваат облеката што ја носат. Дали знаат како да се однесуваат со постарите, со другарите итн.
Зошто е важно да ги запомнат правилата на добро однесување, откријте во најновата книга на „Светот на Биби“.

Дел од правилата за добро однесување:
– Кога ќе сретнете некого – сосед, другарче, учител или учителка, роднина или познајник, поздравете се со него и насмевнете се.
– Немојте да си мрморите за себе, туку убаво кажете: здраво, добро утро, добар ден, добра вечер…
– Употребувајте ги зборовите: повели, благодарам и те молам.
– Ако сакате нешто, замолете. Не грабајте го без прашање.
– Биди добар другар. Помагај им на другарчињата кога им е потребна помош.
– Не земај туѓи работи, не навредувај ги другите, не удирај ги.
– Ако скршиш нешто што не е твое или не сакајќи повредиш некого, не заборавај дека треба да кажеш: извини.
– Секогаш биди добар другар и кога си надвор. Внимавај на помалите и послабите, чекај да ти дојде редот да играш некоја игра и… не заборавај дека треба секогаш да им подаваш на другите во фудбал.
– Забите треба да се мијат по јадење, навечер – пред спиење, и наутро. Исто така, треба да се избегнува да се јадат слатки работи затоа што така забите побрзо се расипуваат.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top