Децата од најмала возраст цртаат на хартија, табли, понекогаш на ѕидови и мебел против волјата на мајката и таткото, на своите и на туѓи раце и нозе, играчки, на бетон каде што прават цртежи со креда. Така треба да биде бидејќи цртањето е неверојатно важно за нивниот развој.
Цртањето е посакувана активност, дури и кога се многу мали и не знаат да држат молив, а камоли да нацртаат нешто што ќе го препознаете, но и подоцна кога ќе пораснат. Со цртање децата развиваат:
-Моторни вештини
-Координација рака-око
-Креативност
-Просторно планирање на хартија.
Она што можеби е најважно да се истакне е дека децата ги изразуваат своите емоции преку цртањето. За вас како родител, тоа е од големо значење бидејќи со тоа што цртаат и од боите што ги користат ќе научите многу за нивните емоции, но и за нивните погледи на светот. Од цртежите ќе можете да заклучите како тие ве гледаат, каков ви е односот со нив, односите во семејството и со пријателите.

Затоа децата треба да се поттикнуваат да цртаат, а покрај големата придобивка што ќе ја имаат нивните цртежи, децата одлично ќе се забавуваат. Тоа е феноменална активност во смисла дека може да биде самостојна, а може и да се практикува во група.
Дали знаете како можете да го направите цртањето уште позабавно за децата? Со тоа што нивните цртежи може и да светат.
Доколку сте во можност, на децата може да им купите и од таблите кои кога на нив се црта, светат. Тоа ќе ги воодушеви и ќе ги мотивира да продолжат да го подобруваат својот цртеж и/или пишување.
Автор: Сандра Крстановиќ