Децата што ќе научат да пливаат до петтата година од животот поседуваат одредени предности во развојот во споредба со децата што не се пливачи.
Д-р Боб Мајерс, детски психолог, вели дека децата што ќе научат да пливаат пред петтата година когнитивно и физички побрзо се развиваат во споредба со нивните врсници.
Еве во што сѐ се подобри малите што рано научиле да пливаат во споредба со непливачите…
Физички и визуелно-моторички вештини
Опсежна студија покажала дека децата пливачи имаат подобра груба и фина моторика која е поврзана со интелектуалниот и физичкиот развој отколку другите деца на нивна возраст. Исто така, овие деца подобро одржуваат баланс и се повешто во фаќање предмети. Тие се повешти и кога станува збор за сечење хартија, цртање линии, боење на празнина.
Когнитивни вештини
Во споредба со децата што не се пливачи, овие деца подобро се снаоѓаат кога станува збор за аритметички задачи, сметање и препознавање на броеви генерално. Имаат подобри јазични способности, подобро препознаваат и именуваат објекти.
Научниците откриле нешто импресивно. Во просек, овие деца се 20 месеци во предност во споредба со непливачите кога се во прашање разбирањето и извршувањето на инструкции. Исто така, пливачите повешти во прераскажување кратки приказни.
Зошто се јавуваат овие разлики помеѓу малите пливачи и непливачи?
Во текот на пливањето се активира многу поголема група мускули од оние што се активираат при секојдневните детски активности. Исто така, сето ова директно влијае врз развојот на мозокот. Младите пливачи учат како да ги разберат специфичните инструкции и учат како да изведуваат сложени движења во вода.
Децата што ќе научат да пливаат пред петтата година учат еден здрав и забавен спорт кој ќе им овозможи когнитивна предност и способност полесно да се изборат со кој било школски проблем во иднина.