Здравје

Зошто е важно бебето да не ја прескокне фазата на лазење?

Како што го учиме бебето да се смее, да држи играчка или да го развива говорот, така и лазењето претставува една од клучните развојни фази во раното детство.

Иако некои родители со гордост кажуваат дека нивното бебе „ја прескокнало“ фазата на лазење и веднаш почнало да стои или да оди, детската физиотерапевтка Ешли предупредува дека тоа не е причина за славење.

Таа на својот тик-ток профил сподели порака која секој родител треба да ја слушне: Лазењето носи многу придобивки за севкупниот развој на детето.

Лазењето влијае врз развојот на мозокот

Ешли објаснува дека лазењето директно влијае врз развојот на мозокот бидејќи го поттикнува поврзувањето меѓу левата и десната хемисфера. Тоа е основа за многу вештини кои се развиваат подоцна, како говорот, читањето и разбирањето.

Покрај тоа, лазењето ги зајакнува основните мускули, мускулите на рацете и зглобовите, што подоцна влијае врз вештините за пишување, самостојно јадење и облекување.

Можеби ви се чини дека бебето е „напредно“ ако веќе стои и се обидува да оди, но Ешли објаснува дека стоењето и одењето се полесни од лазењето затоа што многу деца во таа фаза ги закочуваат зглобовите и користат напнатост за да останат исправени. Тоа не е знак на вистинска сила.

Прераното стоење може да наштети

Таа дополнително нагласува дека прераното поттикнување на стоење може негативно да влијае врз развојот на колковите.

Зошто некои бебиња не лазат?

Според детскиот ерготерапевт Фиона О’Фарел, бебињата треба да исполнат неколку предуслови за да почнат со лазење:

Доволно време поминато на стомак – бебињата што не поминале доволно време во таа положба често подоцна започнуваат да лазат или целосно ја прескокнуваат таа фаза.

Сила во вратот, грбот и екстремитетите, како и координација на движењата.

Самостојно седење и превртување, како претходни чекори кон лазење.

Како да го поттикнете бебето да лази?

Соблечете го детето по пелени затоа што облеката како боди, панталончиња или чорапчиња може да ги ограничува движењата. Ставете го на стомаче, на безбедна површина и под надзор.

Ставете му ја омилената играчка подалеку. Тоа ќе го мотивира да дојде до неа.

Ако забележите дека бебето сè уште не лази, се движи само на задник или е вкочането, најдобро е да се консултирате со детски физиотерапевт или ерготерапевт, кој ќе процени дали е потребна дополнителна поддршка.

Извор

Поврзани написи

To top