Пристигна есента, а ако сте случајно во последното тримесечје од бременоста во ова прекрасно годишно време – ви честитаме. Сите многу пати сме чуле зошто бременоста е магична во кој било дел од годината, но поради следните причини, есента дефинитивно е победник.
Време е за хеланки
Ах, хеланки! Тоа магично парче облека кое можете да го носите без разлика колку килограми ќе добиете или ќе изгубите. Веројатно не треба ни да купувате посебна трудничка облека, туку само можете да продолжите да ги носите оние што ги имате. Хеланките се удобни, евтини, едноставни за одржување и комбинирање, ја прекриваат секоја проширена вена што се гледа во текот на бременоста и најважното – не можете да погрешите со изборот на добри хеланки во бременоста.
Полесно се дише
Летото заврши, а со него и големите горештини, и во зависност од тоа каде живеете, и големата влага. Сето она што летото го прави неподносливо, особено за трудниците – есента го нема, а и понатаму надвор е убаво и пријатно. Есента носи и пониски температури, ветер и општо олеснување од потење.
Уште не морате да се грижите за пронаоѓање зимски капут
Ако сте при крајот со бременоста во зима, само е прашање на време кога ќе почнете да размислувате за капут бидејќи големи се шансите дека капутот од минатата година нема да ве собира, односно не ќе можете да го закопчате во пределот на стомакот. Сепак, ако своето последно тримесчје го поминувате во есенските денови, капутот не ви е ни на крај памет бидејќи сè уште можете да уживате во големите џемпери, лесни јакни или пончо.
Не морате да се оптоварувате со костими за капење
Затоа што е вистинска мака да се наде костим за капење во кој се чувствувате удобно во последните месеци од бременоста, а да не се размислува за пресоблекувањето, кое сите нè мачи, а камоли во бременоста…
Ако се одлучите да се маскирате за Ноќта на вештерките – има безброј идеи
Ако напишете на „Инстаграм“ „#pregnanthalloween“, ќе најдете илјадници идеи за слатка, смешна и креативна Ноќ на вештерките со своето трудничко стомаче – мало или големо. Искористете ги.

Бидејќи есента е најдоброто годишно време
Неверојатно време – топло, но не претопло, студено, но не премногу студено. Збогум на комарците. Прекрасни лисје и шаренило. Долги прошетки. Костени и други есенски плодови. Удобна облека. Ќебенце и чај.