Училишниот педагог Невена Тоскиќ од Србија се осврнува на темата за образованието на девојчињата. Оваа тема е од големо значење за денешното родителство, а како што вели Невена, текстот што го напишала за порталот „Јумама“ е нејзин личен став, кој е проткаен со искуство од секојдневната работа со децата.
Ова е дефинитивно текст кој треба да го прочита секој родител на девојче, без разлика на нејзината возраст.
„Кога си девојка денес во Србија, можно е да си слична на повеќето од оние надвор од Србија, исто така си слична на оние што биле девојчиња пред тебе. Имаш стравови, мислиш дека знаеш сè, често си лута, незадоволна од својот изглед. Го мразиш тоа затоа што во расправиите најчесто те навредуваат поради физичкиот изглед, но тоа го правиш и кога си лута.
Кога си девојка/тинејџерка во Србија, добиваш измешани пораки.
Училиштето и родителите те третираат како дете.
Сепак, дозволено е да имаш профили на сите социјални мрежи, да ги средуваш ноктите (за што плаќаат родителите), да имаш телефон и неограничен интернет (за кој плаќаат родителите). Може да читаш и да гледаш како живеат старлетите и ѕвездите. Одиш на училиште во кратка маица и не ти е јасно зошто тоа не е во ред. Девојките на твоја возраст на социјалните мрежи пласираат кои производи да ги користиш, а кои не, како да се облекуваш и кои патики да ги купиш.
Кога си родител во Србија велиш: Јас не би дозволил, но сите други го прават тоа, не сакам моето дете да биде исфрлено од општеството.

Кога си ќерка во Србија, а имаш брат или си од многудетно семејство, голема е веројатноста да ја уредиш собата или да го наместиш ручекот. Братот е машко, не го прави тоа. Ти велат, немој таа професија, не е за девојки.
Кога си девојка во Србија, никој не ти кажува дека секоја трета жена доживува некаков облик на злоупотреба од блиска личност или партнер. Но, велат, ако се облекувате провокативно, си носите зло врз себе.
Ако училиштето нуди едукација за заштита на репродуктивното здравје, тоа не ви треба, но статистиката вели дека легитимна контрацепција кај нас е абортусот.
Затоа е важно девојчињата да се образоваат, да читаат, да си поставуваат цели, да го изберат друштвото со кое се дружат и партнерите со кои стапуваат во врска. Да ги поттикнуваме подолго да бидат деца затоа што додека трепнеме, ќе станат жени.
Автор: Невена Тоскиќ/ училиштен педагог