Воспитување

Зошто е привилегија децата да растат со братучеди

Мередит Етингтон е мајка на три деца, новинарка и автор на неколку книги за родителство. Неодамна на својот блог се осврнала на една интересна тема: важноста на растењето на децата со своите роднини – братучеди.

„Некако се случи јас, сестра ми и брат ми да живееме одвоени и оддалечени по неколку часа еден од друг, но пред две години склучивме договор дека нашите деца ќе се познаваат многу добро, иако не живеат многу блиску“, напишала таа. Додала дека сака нејзините деца да знаат каква радост и привилегија е да растат со своите братучеди.

Заеднички баби и дедовци, семејни традиции и спомени

„Имав среќа да имам многу братучеди во моето детство. Често спиевме едни кај други, игравме измислени игри во куќата кај баба, градевме тврдини и се преправавме дека сме кучиња. Во лето заедно одевме на одмор и пливавме во езерото во близина, ловевме риби и игравме карти. Имам братучеди кои се на иста возраст како мене, но ги имам и оние што ме чуваа како дете и се многу постари од мене. Сите ги сакам неизмерно“.

Оваа мајка навела само неколку причини зошто треба да бидете среќни ако вашето дете расте со братучеди:

-Братучедите можат да бидат како браќа и сестри, освен што не мора да живеете под ист покрив со нив.

-Тие ги знаат нашите тајни и знаат како е да се има мајка или татко што е доволно слична/сличен на нашите мајки или татковци, но и доволно различни, што е забавно ако се преспива кај нив, за мала промена на околината.

-Братучедите знаат како е да се доаѓа од семејство како вашето. Тие се како најдобри пријатели кои се присутни на сите наши важни семејни настани – лицата со кои можеме да се прикрадеме и да се забавуваме додека возрасните се зафатени со нивните долги и досадни разговори.

-Братучедите имаат слична будалеста смисла за хумор, па дури и изгледаат слично на нас. Всушност, тие ни се доволно слични за да можеме да бидеме целосно свои во нивно друштво, без да се чувствуваме чудно или различно.

-Братучедите ни даваат чувство на семејна поврзаност. Да се ​​има пошироко семејство од каков било вид – им дава на децата чувство за тоа кои се и од каде доаѓаат, а братучедите го овозможуваат сето тоа во заеднички генерациски контекст. Заеднички баби и дедовци, семејни традиции и спомени!

-Дури би рекла дека братучедите се суштински дел од среќниот живот затоа што ве сакаат, имате заеднички спомени од детството и тие ве поддржуваат во вашиот возрасен живот.

Да имате братучеди е како да имате доживотни пријатели, без разлика каде ќе ве однесе животот.

Ги гледам овие прекрасни врски на моите деца и нивните братучеди и уживам да ги гледам како растат заедно. Иако не секогаш уживам да патувам неколку часа за да се случи ова – гледајќи ги како уживаат во времето поминато заедно и зборувањето за нивните спомени, вреди секое прашање што моите три малечки ми го поставуваат 100 пати во автомобилот: „Дали сме блиску?“

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top