Почнуваме да размислуваме за името на бебето понекогаш дури и пред да го знаеме полот, а потоа правиме списоци со имиња за момчиња и имиња за девојчиња. А понекогаш ни се чини дека тие списоци со имиња за девојки се секогаш подолги, а всушност има многу помалку опции за имиња за момчиња.
Ова мислење го дели и консултант за именување деца, кој ја претставил и својата теорија зошто е така. Колин Слаген објавила видео на својот профил на „Тик-ток“ во кое објаснува како на родителите им е потешко да најдат имиња за момчиња отколку имиња за девојчиња кои навистина им се допаѓаат.
-Историски гледано, луѓето беа помалку подготвени да се вклучат во изборот на имиња за момчиња – изјавила Слаген.
Таа верува дека една од причините поради која родителите се грижат со имињата за момчиња може да се должи на „социјалните очекувања и стереотипите за мажите во однос на жените, како и потенцијалот што тие можат да го видат“.
Што се однесува до момчињата, Слаген истакнува дека старите, традиционални имиња се враќаат во мода, додека родителите имаат малку повеќе имагинација при изборот на име за девојче.
-Со девојките можете да се впуштите во овие различни стилски категории за кои сè уште чувствувате дека една девојка би можела да ги прифати, како креативни имиња, романтични имиња, имиња на уметнички сцени… – вели таа.
А што е со момчињата?
Во видеото што го направила на оваа тема Слаген вели:
-Кога се во прашање момчињата, она што секогаш го слушам е: „Сакам нешто класично, но не премногу популарно“.
За тие родители, таа нуди листа на традиционални – но не и премногу употребувани имиња за момчиња.
Во овој случај, тоа се Андреј, Александар, Адам, Чарлс, Кристофер, Даниел, Давид, Едвард, Френсис, Исак, Лука, Метју, Мајкл, Ное, Петар, Филип, Роберт (Боби), Семјуел (Семи), Сајмон, Томас, Вилијам или Захари. Таа предлага да се бараат „винтиџ“ имиња наспроти „класични“ имиња.
Класичните имиња се оние што никогаш не излегуваат од мода. „Винтиџ“ имињата, сепак, биле популарни многу одамна, но ја изгубија популарноста пред да се зборува толку многу за имињата и именувањето на децата. Иако пронаоѓањето на вистинското име за момче може да изгледа како застрашувачка задача, Слаген сугерира дека ако копате малку подлабоко и ја искористите вашата имагинација, ќе можете да најдете име за момче кое ќе го обожавате.
Автор: Луна Николиќ