Летната бременост може да биде предизвик поради високите температури, особено ако имате постаро дете и немате можност да се одморите колку што сакате. Сепак, летната бременост со себе носи голем број придобивки кои им овозможуваат на жените порелаксирано да уживаат во нивната бременост.
Летна облека
Летната облека често е поубава од зимската облека, достапни се повеќе модели, особено за трудници. Позитивното кај летната бременост е што жените најчесто можат да носат обични, пошироки фустани, па не мора да купуваат модели за трудници, кои се секогаш поскапи. Во лето облеката е полесна, нема потреба од хулахопки или гаќи кои предизвикуваат стегање и непријатност во стомакот.
Разновидно овошје и зеленчук
Летото е идеално кога станува збор за свежо овошје и зеленчук. Вкусните боровинки, малинки, дињи, лубеници, тиквички, различни видови салати се достапни во лето. Со оглед на тоа што балансираната исхрана е исклучително важна за трудниците, а потребата за свежа и вкусна храна е поизразена од вообичаеното, летото е идеално време за здрав живот на трудницата.
Вежбање во море
Морето е безбедно за трудниците во сите фази од бременоста, а трудниците освен пливање можат да прават и лесни вежби бидејќи во водата полесно ја носат сопствената тежина. Благото вежбање, пливањето и освежувањето ја смируваат трудницата и ќе ѝ помогнат полесно да се справи со горештините.
Дружење на отворено
Излети, дружење на плажа и во природа се омилена летна забава и бегство од асфалтот. Да се биде на балкон или во градина, со чаша лимонада и добра книга, веќе е одмор за душата. Престојот на отворено особено ќе им користи на бремените жени чии мали деца не можат да останат дома цел ден и имаат потреба од активности на отворено.
Отворени чевли
На крајот од бременоста, облекувањето чевли е вистински предизвик и не е невообичаено трудниците да имаат отечени стапала и нозе. Висококвалитетните апостолки, влечки или сандали ќе им го олеснат секојдневието на трудниците, а можноста за одење боси ќе биде спас во топлите летни денови.
912