Од моментот кога сме родени, нашето тело развива нежен заштитен слој направен целосно од микроорганизми.

Знаењето кои бактерии и вируси треба да се чуваат, а кои да се отфрлат, е сложен процес што може да направи разлика помеѓу здравиот имунолошки систем и алергиите во текот на животот и автоимуните нарушувања.

Како управуваме со овој систем, не е сосема јасно. Научниците објаснуваат дека механизмите што ги штитат нашите тела во утробата на нашата мајка продолжуваат да имаат улога во дипломатските односи со микроорганизмите во нашите први недели надвор од матката.

Едно неодамнешно истражување на истражувачи од Универзитетот во Бирмингем, Велика Британија, обезбедува нови сознанија за процесот, откривајќи дека мајчиното млеко го промовира растот на важните имунолошки клетки кои помагаат во управувањето со воспаленијата.

– Влијанието на видот млеко врз развојот на имунолошкиот одговор претходно не е проучено во првите неколку недели од животот – вели неонатологот Гергели Толди од Универзитетот во Бирмингем.

– Пред нашето истражување не беше позната исклучителната важност и раното вклучување на овој специфичен тип клетки кај бебињата што се дојат – додава Гергели.

Истражувањето ги разгледало имунолошките функции на 38 новороденчиња, сите породени со царски рез. Доенчињата се разликувале според тоа дали биле доени, хранети со адаптирано млеко или и двете, и им биле земени примероци од крв и столица при раѓањето и повторно три недели подоцна.

Разликата помеѓу регулаторните Т-клетки на двете групи била голема. Оние што биле на ексклузивно доење имале двојно повеќе клетки по три недели, во споредба со оние што биле хранети со адаптирано млеко.

Самите Т-клетки покажале поголем израз на површински маркер поврзан со зголемена активност. Исто така, се чини дека нивната активност е особено насочена кон дејствување специјално против телото на мајката. Мајчиното млеко им обезбедува на новороденчињата различни антимикробни и хранливи материи во навремени дози кои обезбедуваат имунолошки систем што се појавува со сè што е потребно за борба против инфекцијата.

Но, процесот на доење сам по себе е далеку од стерилен, пренесувајќи ја не само микрофлората на кожата на мајката туку и многу нејзини клетки. Во тие несигурни рани недели, наплив на туѓ материјал лесно може да го совлада имунолошкиот систем на детето.

Зголемувањето на регулаторните Т-клетки за заштита од клетките на мајката може да биде нешто што ги одржува доенчињата здрави. Зошто млекото го има овој ефект, не е сосема јасно. Едно неодамнешно истражување спроведено врз глувци укажува на тоа дека постои биохемиска соработка помеѓу мајката и детето за „средување“ на процесот.

Сепак, точните механизми ќе треба подетално да се испитаат во идните истражувања. Одлуката истражувањето да се фокусира на бебиња родени со царски рез била намерна за да се задржат имунитетнтите променливи. Но, како се споредуваат природно породени деца е нешто друго што бара понатамошно истражување, особено со оглед на разликите во стекнувањето на микрофлората помеѓу методите на породување.

Важно е да се напомене дека во денешниот свет, „мајчиното млеко е најдобро“ е дополнителен притисок што не им е потребен на многу мајки. Несомнено е дека во директна споредба на методите за хранење на новороденчињата, мајчиното млеко и доењето им дава предност на новороденчињата.

– Се надевам дека овој непроценлив увид ќе доведе до зголемување на стапките на доење и ќе видиме дека повеќе бебиња имаат корист од предностите на мајчиното млеко. Се надевам дека овие резултати ќе придонесат за оптимизирање на составот на адаптираното млеко со цел да се искористат овие имунолошки механизми – вели Толди.

Истражувањето било објавено во списанието „Алерџи“.

Извор



912

X