Игротека

Зошто детската непослушност води до кавги меѓу родителите и како да се промени тоа

Како да се справите со детската непослушност без конфликти со партнерот?

Експерт објаснува зошто пркосењето на децата често предизвикува расправии меѓу родителите и како со правилен пристап може да се изгради мир и тимска хармонија во семејството.

Однесувањето на децата што е пркосно или непослушно често предизвикува силни тензии во домот, особено меѓу партнерите. Како што пишува д-р Џ. Тимоти Дејвис, психолог со долгогодишно искуство. Ваквото однесување кај децата често ги активира старите емоционални рани кај родителите, што потоа води до несогласувања и кавги.

Честите ситуации, како што се отпорот на детето да ја прекине играта или одбивањето да легне да спие, не се само тест за трпение, туку тие често го поттикнуваат несвесното однесување кај родителите кое потекнува од нивното сопствено детство. Така, еден родител може да реагира строго и да го казни детето, додека другиот може да покаже повеќе разбирање, што создава чувство на неразбирање и води до конфликт меѓу нив.

Д-р Дејвис препорачува родителите да водат краток дневник на епизоди кога детето се спротивставува и да запишат кога и во кои ситуации детето покажува најмногу отпор, како реагирале тие и што помогнало или го влошило однесувањето. Овој едноставен чекор помага да се препознаат обрасци и емоционални „прекинувачи“, а потоа партнерите заедно да изработат „план за итни ситуации“.

Пример за „план за итни ситуации“

Дајте му на детето предупредување 10 минути пред да треба да ја прекине активноста. Ако одбива да соработува, не форсирајте го, оставете му простор да се смири. Потоа, повторно обидете се со малку флексибилност. Ако и понатаму одбива, не инсистирајте, направете пауза и пробајте повторно подоцна.

Во меѓувреме, родителите можат да имаат сопствен сигнал за поддршка, за да не дојде до кавга меѓу нив во присуство на детето.

Ваквиот пристап им помага на родителите да останат смирени, усогласени и поврзани дури и во стресни моменти. На тој начин, тие заедно создаваат сигурна и стабилна атмосфера за детето и за целото семејство.

Извор

Поврзани написи

To top