Научници од Германија и од Велика Британија решиле да најдат одговор на прашањето зошто децата лажат. Нивното истражување покажа дека социјалното потекло игра голема улога во тенденцијата за лажење.

Експертите го спровеле експериментот со помош на коцка. Тие ги замолиле децата да фрлат коцка и да го предвидат бројот што ќе го покажат коцките пред да паднат. Доколку прогнозата и резултатот се поклопувале, им била ветена одредена сума пари. Децата не биле набљудувани додека ги фрлале коцките и никој не можел да провери дали нивното предвидување е точно или не. На тој начин децата можеле да бидат сигурни дека лагата нема да биде разоткриена.

– Ако сите ја кажуваа вистината, шестина од учесниците, или околу 16,7 отсто, би дале точно предвидување. Сепак, повеќе од 60 отсто тврдеа дека нивното предвидување и резултатот на коцките се совпаѓаат. Тоа значи дека голем број од децата сигурно лажеа – вели економистот Јоханес Абелер од Универзитетот „Оксфорд“.

Научниците потоа го истражувале социјалното потекло на децата.

– Нашите процени јасно покажуваат дека децата од побогатите домаќинства се поискрени и почесни. Освен тоа, наоѓаме поголем степен на искреност кај децата кои имаат сочувствителни родители и повисок степен на доверба во нивната семејна средина – објаснува Абелер.

Во истражувањето учествувале околу 700 деца родени помеѓу септември 2002 и август 2004 година.

Извор



912

X