Не е невообичаено дете што трча да се пожали на болка под ребрата. Но, зошто се случува ова?
Што ја предизвикува оваа болка?
Под левиот ребрен лак се наоѓа орган наречен слезина. Кога детето трча, особено ако тоа е подолго или побрзо, слезината се полни со крв и малку се „развлекува“, притискајќи го внатрешниот дел од ребрата, што може да предизвика болка.

На десната страна, спроти слезината, се наоѓа најголемиот орган во стомачната празнина – црниот дроб. Тој е многу поважен и поголем од слезината. Понекогаш и тој се преполнува со крв, што исто така може да предизвика слична болка.
Што да направите кога ќе се појави болката?
Најдобро е детето едноставно да одмори. Нема место за грижа. Иако овие болки можат да бидат силни и непријатни, тие се безопасни и краткотрајни.
Автор: д-р Горан Вукомановиќ, педијатар-кардиолог
Извор
912