Воспитување

Зошто децата се невозможни со едниот родител, а прекрасни со другиот? Одговорот е изненадувачки

Ако ви се чини дека вашето дете се однесува сосема поинаку кога е со вас отколку со вашиот партнер, не сте сами. Мајка зборува на „Тик-ток“ за темата која брзо станала вирална – зошто децата стануваат неподносливи со својата мајка, додека се како ангели со својот татко? Нејзиниот одговор е: „Бидејќи мајката не е само родител, таа е емоционална поддршка на детето.“

Тиктокерката Џена објаснува дека во повеќето случаи не станува збор за тоа дека татковците се подобри во поставувањето граници, туку за тоа што мајката е личноста која почесто го носи емоционалниот товар и личноста со која детето има најдлабока врска.

Watch on TikTok

Експертите се согласуваат со неа.

-Во повеќето семејства едното дете има посилна емоционална врска со едниот родител. Тој родител станува емоционална поддршка, додека другиот, ако не е активно вклучен во емоционалниот дел од родителството, честопати останува настрана и мисли дека е „лесно“ справувањето со децата – објаснува терапевтот Кристал Брит.

Детскиот психијатар д-р Зишан Кан вели дека е сосема нормално децата да го покажат своето „вистинско јас“ пред родителот со кого се чувствуваат најбезбедно.

-Децата најчесто ги покажуваат своите емоции пред лицето на кое најмногу му веруваат. Ако знаат дека таа личност ги сака безусловно, без оглед на нивното однесување, ќе се чувствуваат слободни да бидат ранливи, дури и ако тоа вклучува лутина или солзи – објаснува д-р Кан.

Со други зборови, ако вашето дете најмногу изразува фрустрација со вас, тоа не е затоа што правите нешто погрешно. Тоа е знак на доверба. Колку и да е тешко, всушност е комплимент.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top