Игротека

Зошто децата почнуваат да одат на терапија токму на осум години?

Секоја возраст на детето носи свои убавини и предизвици. Психотерапевтот Карол Ким објаснува зошто баш осмата година од животот е особено тешка за многу деца и родители.

Често слушаме за тинејџерските години и „тешките“ двегодишници, но осумгодишниците, иако помалку споменувани, всушност се на прагот на големи промени. Карол Ким, која работи како психотерапевт, вели дека многу од нејзините клиенти ја наведуваат осмата година како една од најтешките за родителството.

– Многу родители ми велат дека осум години е навистина тежок период и се прашуваат што се случува. И не грешат. Гледам многу осумгодишници кои доаѓаат на терапија, и не мислам дека е случајно – вели таа.

Зошто баш осум години?

– На оваа возраст доаѓа до значајна развојна промена. Децата стануваат свесни за себе и за другите и почнуваат да се споредуваат со пријателите, што може да создаде сомневање во себе, чувствителност и фрустрација – објаснува Ким.

Исто така, друштвените односи стануваат покомплексни. Понекогаш, пријателствата водат до конфликти, а децата чувствуваат љубомора и исклученост, со што сè уште не умеат добро да се справат.

– Во овој период децата почнуваат да размислуваат критички, да ги преиспитуваат правилата и да бараат повеќе независност, но сè уште им е потребна поддршка во управувањето со емоциите – додава Ким.

Покрај тоа, кај осумгодишниците започнува и претпубертетот, период на хормонални промени кои можат да предизвикаат променливи расположенија. Тоа многу објаснува.

Карол има еден совет за родителите.

– Овој период е исполнет со раст, предизвици и емоционална интензивност. Затоа, издржете!

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top