Воспитувањето на децата во 70-тите години од минатиот век значително се разликува од денешното. Родителите, често и несвесно, применуваа пристапи што ги правеа нивните деца поотпорни и подобро подготвени за животот. Наместо да ги штедат од домашни обврски, ги охрабруваа да развиваат практични вештини неопходни за самостоен живот. Ги учеа на важноста на семејството, соработката и почитта, опремувајќи ги со емоционални и социјални алатки потребни за успех.
Поправи, не фрлај
Во 70-тите години се подразбираше дека децата мора да бидат снаодливи. Учеа да крпат облека и да поправаат расипани предмети наместо веднаш да купуваат нови. Истражувањата потврдуваат дека ваквиот пристап го продолжува векот на предметите. Децата што научиле да поправаат пораснале во возрасни кои ја разбираат и ја ценат важноста на одржливоста.
Дисциплина преку домашни обврски
Децата редовно учествуваа во домашните работи, што им помогна да развијат дисциплина и работна етика. Истражување спроведено на Универзитетот „Харвард“ покажало дека децата со редовни задолженија израснале во поуспешни и попродуктивни возрасни, кои воедно биле и поотпорни на животните предизвици.
Учење емоционална отпорност
Родителите не се двоумеа да им дозволат на децата да се соочат со последиците од своите постапки. Иако тоа понекогаш беше непријатно, децата така учеа да ги разберат и регулираат сопствените емоции. Истражување од Универзитетот „Стенфорд“ потврдило дека децата на кои родителите им дозволуваат самостојно да решаваат проблеми полесно го контролираат своето однесување. Соочувањето со последиците градело емоционална отпорност неопходна за животот.
Развивање работна етика од најмала возраст
Децата се охрабруваа уште за време на школувањето да најдат мали активности или хобија за да ја разберат врската меѓу трудот и резултатот. Според истражување на Институтот за политики за вработување, младите кои работеле покрај школувањето подоцна имале повисоки плати и пократки периоди на невработеност. Раната изградба на работна етика водела кон поголем професионален успех.
Лекции за почит
Пристојното однесување и манирите беа високо на листата на приоритети. Родителите знаеја дека така ќе израснат деца кои ги почитуваат другите, водејќи се од златното правило: однесувај се кон другите онака како што сакаш тие да се однесуваат кон тебе. Учењето почит од мали е темел за градење квалитетни односи и посреќен живот во зрелоста.
Поттикнување самостојност
Во времиња кои се сметаа за побезбедни, децата имаа поголема слобода да играат надвор без постојан надзор од родителите. Тоа им овозможуваше да развијат одговорност и да станат независни. Многу истражувања покажуваат дека слободата поттикнува независност, самодоверба, отпорност и способност за решавање проблеми.
Важноста на тимскиот дух
Тимските спортови беа многу популарни. Преку таквите активности децата развиваа важни социјални вештини. Истражувањата покажуваат дека учеството во групни активности позитивно влијае врз емоционалниот развој и комуникациските способности.
Семејството на прво место
Заедничките вечери, излети и дружења беа приоритет. Родителите инсистираа на квалитетно време поминато со семејството, со што кај децата вградуваа чувство за неговата важност. Истражувањата потврдуваат дека децата кои растат во таква средина се чувствуваат поддржано, што позитивно влијае врз нивното ментално здравје и во зрелата возраст, а истовремено ги учи како да градат сопствени семејни односи.
Храброст за преземање ризик
Родителите ја разбираа важноста на разликувањето меѓу страв и реална опасност за да ги охрабрат децата да бидат храбри, но и промислени. Преку таканаречената „ризична игра“ децата развиваа креативност и спонтаност. Учеа како да ја проценат ситуацијата и да преземат пресметани ризици клучни за личниот раст и развој.
Ценење на она што го имаш
Децата учеа да ги ценат работите преку изработка на предмети, работа во градина или поправки. Така учеа да ја ценат вредноста на трудот и на работите што ги поседуваат. Истражувањата покажуваат дека децата воспитани на ваков начин стануваат возрасни кои практикуваат одржливост и се свесни за нејзината еколошка и финансиска важност.