Често часовите по музичко во училиштата се сметаат за помалку важни, без да се согледа колку тие можат да влијаат врз развојот на детето уште од најрана возраст.
Музиката е многу повеќе од пријатни звуци и песнички што ги учат децата. Таа има моќ да го обликува детето и да ги развива неговата внимателност, емоционалност, креативност и самодоверба. Затоа музичкото образование зазема значајно место во образованието, особено во првите години од училиштето.
Преку првите часови по музичко децата го откриваат светот на ритамот, тоновите и мелодијата. Често се запознаваат со едноставни инструменти кои им помагаат да ја почувствуваат музиката преку игра и искуство.
Музиката ги стимулира двете хемисфери на мозокот. Кога детето свири или пее, ги поврзува слушањето, движењето и размислувањето, со што се зајакнуваат меморијата, концентрацијата и логичкото расудување.
Преку музиката децата учат да ги препознаваат и изразуваат своите чувства. Песните што ги пеат или тоновите што ги создаваат на инструментите им помагаат подлабоко да ги разберат емоциите, и своите и на другите.

Музиката ги поттикнува креативноста и фантазијата. Дури и наједноставната мелодија може да стане мало уметничко дело во детските раце. Така детето учи да размислува слободно и да се изразува без страв.
Заедничкото пеење, свирење и музички игри ги учат децата на соработка, усогласување и почитување на другите. Настапите пред публика, колку и да се мали, ја зајакнува нивната самодоверба.
Музиката ги поврзува децата со традицијата, културата и светот околу нив. Таа има докажано позитивно влијание врз расположението, ја намалува напнатоста и создава чувство на радост и внатрешен мир.
Музичкото образование не ги учи децата само на ноти и песни. Тоа ги развива нивниот ум, срце и карактер. Секој инструмент што детето ќе го земе е клуч кон побогато и посреќно детство.