Сите хранливи материи што им се потребни на бремените жени може да се најдат во јајцата.
Јајцата играат важна улога во текот на бременоста, вели Ребека Малачи, експерт за исхрана во бременоста и животниот стил. Ова се неколку од придобивките што јајцата им ги носат на трудниците:
1. Ја покренуваат меморијата и работата на мозокот
Јајцата имаат високи количини на холин, кој помага во поттикнување на меморијата кај новороденчето и зголемување на способноста за интерпретирање на информациите. Една жолчка од јајце содржи околу 115 милиграми холин, кој може да доведе до развој на мозокот кај фетусот.
2. Содржат многу протеини
Јајцата се познати како намирници што имаат изобилство од протеини. Протеините се градители на клетките и се потребни за развојот на фетусот. Со јадењето јајца во текот на бременоста ќе му се обезбеди на бебето доволно протеини потребни за развојните процеси.
3. Помагаат во регулацијата на холестеролот
Јајцата содржат добар холестерол кој им е потребен на мајките и нивните сè уште неродени деца. Јајцата одржуваат баланс на холестеролот во телото. Бремените жени треба да избегнуваат да јадат жолчки бидејќи тие може да предизвикаат одредена опасност за фетусот. Треба секогаш да се држат до белките.
4. Богати се со витамини А, Д, Е, К
За здрав живот во текот на бременоста, ќе ви требаат хранливите материи што ги има во јајцата. Тоа се витамините, кои играат главна улога во развојот на белите дробови, срцето, очите, бубрезите и другите органи на фетусот.
Автор: Сем Мунјака