Зошто браќата и сестрите што доживеале слична траума поинаку се справуваат со неа? Тоа е прашањето кое го поставил психологот Џуди. Исто така, на „Тик-ток“ таа понуди одговор до кој дошла со размислување и истражување на стручна литература.
„Ако сте пораснале во небезбедни услови и имате брат или сестра, сигурно сте забележале дека едниот од вас е многу почувствителен од другиот“, го започнала своето видео Џуди.
Кога зборува за чувствителноста, не мисли само на емоциите, туку и на тоа колку човекот е чувствителен на звуци, храна, алергии или ткаенина на облеката, односно воопшто на околината.
„Секогаш се чини дека има брат или сестра која подобро се снаоѓа и некој што не се снаоѓа толку добро“, додала таа.
Џуди потоа вели дека за време на постдипломските студии дознала оти постои термин кој ги опишува таквите луѓе. Некој кој е многу отпорен, а расте во насилно домаќинство, се нарекува дете глуварче. Зошто? Бидејќи може да напредува во секоја средина, исто како цветот од глуварче.

-Но, децата орхидеи се многу чувствителни на нивната околина, па всушност можат да „овенат“ во лоша средина или да напредуваат и добро да се снаоѓаат во позитивна средина. Се разбира, на прв поглед, детето глуварче изгледа дека е подобро од другото. Но, интересно е што доказите сугерираат дека ако детето орхидеја биде отстрането од насилна средина и израсне во добри услови, тоа всушност може да го надмине детето глуварче“, продолжила таа.
Џуди се нарекува себеси дете орхидеја и заклучува дека поуката од нејзината приказна е дека тоа се децата за кои е двојно поважно да се најде прекрасна заедница во која ќе растат и ќе се развиваат.