Игротека

Зошто бебињата не се плашат од змии?

Бебињата се многу добри во гледањето на очите и емоционалното изразување на возрасните, така што ако нешто ново или чудно или различно се случи, детето честопати го „проверува“ лицето на родителот за да знае дали тоа е нешто за кое детето треба да биде загрижено или не.

И во таа секунда, ако родителот покаже страв, тогаш и детето ќе реагира со страв.

Токму тоа го покажува и ова видео во кое мали деца и змии се во истата просторија. Иако змиите автоматски ни предизвикуваат страв, тоа не е случајот со бебињата кои ги допираат змиите.

Видеото е доказ дека стравот не е вроден, туку најчесто ни е создаден од некој друг.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top