Воспитување

Зошто бебињата имаат навика да зјапаат во луѓето и во предметите

Кога бебето ќе почне да зјапа еднаш или двапати, родителите мислат дека тоа е случајно. Меѓутоа, кога ќе забележат дека бебето често зјапа во една работа додека игнорира сè околу себе, природно е да се загрижат.

За да разберете зошто вашето бебе зјапа, прво треба да имате информации за неговиот вид:

-Бидејќи новородените бебиња се чувствителни на светлина, нивната зеница станува многу мала кога се изложени на силна светлина.
-Предметите што се блиску до бебето полесно се гледаат отколку работите што се далеку. Тоа е затоа што нивниот централен вид сè уште се развива, додека страничниот или периферниот вид е поразвиен.
-Може и да забележите како окото на бебето се вкрстува, односно како да се движи настрана, во текот на првите два месеци.
-Кога вашето бебе ќе наполни три месеци, може да се фокусира на предмети што се оддалечени 15-20 сантиметри.
-Кога вашето бебе ќе наполни пет месеци, ќе развива перцепција за длабочина, односно способност да процени колку нешто е оддалечено од него.

Зошто бебето зјапа?

Откако ќе го разберете видот на вашето бебе, станува јасно дека тоа зјапа во луѓе и предмети што му се интересни. Бидејќи видот на вашето бебе сè уште не е целосно развиен, повеќе го привлекуваат светли работи, движења или работи со контрастни бои. Ова е причината зошто често ќе го најдете вашето бебе како зјапа во шарени работи или вентилатори на таванот. Кога вашето бебе ќе достигне шест или осум недели, неговиот вид е подобар од порано. Во овој момент бебињата почнуваат да се фокусираат на лицата.

Во кои работи зјапаат бебињата?

Се прашувате што му го привлекува вниманието на вашето бебе? Па, еве што вашето бебе смета дека вреди да се гледа:

Подвижни предмети

Гледањето во предмети што се движат, како што се вентилаторите на таванот, го стимулира мозокот на вашето бебе. Значи, набљудувањето предмети што се движат создава стимулација и му го привлекува вниманието на вашето бебе, а исто така е важен дел од визуелниот развој на вашето бебе.

Атрактивни лица

Вашето бебе сака да зјапа во атрактивни лица дури и на три или четири дена возраст. Некои впечатливи црти на лицето ќе бидат привлечни за вашето бебе и ќе му го задржат вниманието.

Уникатни карактеристики

Некои уникатни карактеристики на лице или предмет ќе го заинтересираат вашето бебе и ќе го задржат неговото внимание. Уникатна карактеристика може да бидат очила, брада, шарена коса и светлата или различна текстура.

Контрасни работи

Често може да забележите дека вашето бебе зјапа во контрасни бои или контури бидејќи го заинтригирале.

Ништо

Понекогаш го гледате вашето бебе како се смешка на небото над вас. Се прашувате зошто бебињата не гледаат во ништо особено и се смеат. Видот на вашето бебе се развива, па нормално е да гледа во простори надвор од дофатот на неговото око. Затоа, кога ќе видите дека вашето бебе зјапа во „ништо“, знајте дека тоа значи оти вашето бебе го вежба својот вид за на крајот добро да ги гледа работите.

Некои од вообичаените причини зошто бебињата зјапаат се:

Да го запознаат светот

Вашето бебе е родено со вид 20/200. Значи, за да ги погледне работите што се далеку, треба да зјапа за да сфати што гледа. Исто така, бебињата се фасцинирани од подвижните работи, како што се движењата на вашите усни/очи. За да ве запознаат вас и работите околу нив, бебињата зјапаат.

Кога се уморни

Кога вашето бебе е уморно или поспано, тоа зјапа затоа што не може да престане да гледа во возбудливите работи околу него.

За комуникација

Вашето бебе не може да комуницира со вас со зборови или насмевки, па затоа зјапа во вас.

Кога нешто ги интересира или им го привлекува вниманието

Вашето бебе ќе зјапа во сѐ што ќе го фасцинира или ќе му го привлече вниманието. Понекогаш бебињата може да продолжат да зјапаат и во нешто уникатно или различно.

Кога вашето бебе зјапа во предмети, тоа е од следниве причини:

Движење – Вашето бебе е фасцинирано од движењето.

Боја и текстура – ​​Светли бои или контрасни модели го интригираат вашето бебе. Значи, вашето бебе зјапа во светкави предмети, силни светла и шарени предмети.

Нов/различен предмет – Кога вашето бебе гледа нешто ново или различно, тоа му е фасцинантно.

Понекогаш ќе го видите вашето бебе како зјапа во празно или само гледа во далечината. Ова се должи на следниве причини:

Обработка на околината – Вашето бебе ја апсорбира околината и работите во неа. Неговиот мал мозок ги обработува сите нови работи што ги гледа.

Сè е фасцинантно – Сè е ново и фасцинантно за вашето дете. Така, што и да му привлекува внимание на бебето, без разлика дали е предмет или отворен простор, бебето зјапа во него.

Само проверува – Бидејќи сè е ново за вашето бебе, тоа можеби гледа низ просторот за да истражува.

Зошто бебето зјапа додека го доите?

Новороденчињата или бебињата стари неколку месеци имаат развиено доволно вид за да го погледнат лицето на нивната мајка. Така, додека дојат, тие зјапаат во лицето на нивната мајка или воспоставуваат контакт со очите со неа за да комуницираат. Така, додека доите, вашето бебе ќе зјапа во вас за да комуницира или да се поврзе со вас.

Зошто бебето зјапа во таванот и светлата?

Вашето бебе постојано зјапа во таванот или светлата. Постојат неколку причини за ова. Повеќето бебиња зјапаат во светлата или таванот бидејќи не можат да ги контролираат движењата на главата. Поради слабиот вид, бебињата зјапаат во нешто светло или нешто што се движи. Понекогаш таванот им го привлекува вниманието поради неговите линии, светлосни тела, вентилатори или сенките на телото што паѓаат врз нив

Кога треба да се загрижите

Иако зјапањето е нормално кај малите бебиња и често нема за што да се грижите, сепак има знаци на кои треба да внимавате. Ако овие првични знаци се присутни кај вашето бебе, треба да се јавите кај педијатарот:

-Очите на вашето бебе изгледаат вкрстени или понекогаш лутаат.
-Зениците на вашето бебе имаат заматен изглед или изгледаат бели.
-Вашето бебе има два месеца и сè уште не обрнува внимание на лицата на луѓето.
-Вашето бебе има четири месеци и сè уште не следи предмети што се движат.

Малите бебиња многу се менуваат во првата година. Вашето бебе ќе го развие својот вид и ќе зјапа во различни работи што ќе ги набљудува и разбира. Меѓутоа, ако забележите дека нешто не е во ред или сте загрижени за видот или однесувањето на вашето бебе, секогаш е подобро да се консултирате со педијатарот на вашето бебе.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top