Воспитување

Зошто бебињата спијат со задникот кренат нагоре?

Доколку сте родител, веројатно сте го виделе вашето бебе како спие на стомак со колената под него и задникот во воздух. Многу луѓе ја сметаат оваа положба за неверојатно симпатична и сосема случајна. Но, експертите сега откриваат дека има повеќе од случајност.

Оваа положба е позната како положба на жаба, а бебето спие во неа речиси исто како што спиело во утробата на мајката. Според експертите од „Слипаут“, затоа глетката на бебе кое спие во оваа положба на многу родители им враќа спомени на пренаталните месеци.

Позиција која смирува и дава чувство на сигурност

-Новороденчињата и многу малите бебиња често ја прифаќаат оваа положба бидејќи за нив е тоа природно и смирувачки – се вели во објаснувањето на експертите.

По раѓањето, враќањето во положба што наликува на онаа во утробата му дава на бебето чувство на сигурност, топлина и позната околина, што му олеснува да заспие и му помага да спие подолго.

Но тоа не е сè. Оваа положба, исто така, одговара на физичкиот развој на детето. Помага во развојот на колковите и зглобовите, со тоа што овозможува природна распределба на тежината и намалување на напнатоста во телото. Бидејќи бебињата се многу флексибилни, воопшто не им е тешко да ја одржат оваа положба за време на спиењето.

Предупредување за бебиња и мали деца

И покрај неодоливиот поглед, експертите предупредуваат за важноста на безбедниот сон. Имено, спиењето на стомак го зголемува ризикот од синдром на ненадејна смрт кај новороденчиња (СИДС), особено кај бебиња под една година. „Слип едвајзор“ препорачува бебињата да продолжат да се ставаат на грб за спиење додека не наполнат една година, дури и ако се превртат сами.

-Иако ризикот од СИДС се намалува околу осум месеци, важно е да се одржуваат безбедни навики за спиење додека детето не наполни една година – се вели во предупредувањето.

Извор

Поврзани написи

To top