Здравје

Совети како да им помогнете на бебињата кога имаат грчеви во стомакот

Можеме да се согласиме дека сите родители сакаат да ги гледаат своите бебиња кога се одмараат и кога се среќни. Моментот кога бебето јаде добро и полека заспива е многу пријатен. Кога детето е несреќно и знаеме дека има болка, но не можеме да му помогнеме, тоа е многу непријатно искуство.

Подолу се понудени неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да ги ублажите симптомите на колики кај вашето бебе:

Стомачните грчеви може да се појават кај дури 20 проценти од новороденчињата само неколку дена по раѓањето. За жал, точната причина за нивното појавување сè уште е непозната, но постојат многу фактори кои можат да влијаат врз тоа. Една од почестите е неразвиеноста на дигестивниот систем на бебето.

Меѓу другото, грчевите можат да бидат предизвикани од:

-Прекумерно внесување лактоза или млечен шеќер во телото.
-Забрзано празнење на цревата.
-Голтање премногу воздух при цицањето.
-Прехранување или, од друга страна, изгладнување на бебето.
-Неправилна техника на доење или несоодветна големина на отворот на шишето.

Кога ќе се појават грчеви во стомакот, бебето станува немирно, се напнува, ги стиска тупаниците, ги вовлекува колената под стомакот, поцрвенува во лицето и неутешно плаче со часови.

Што можете да направите за да ги ублажите симптомите на колики кај вашето бебе?

Нежно гушкање, прошетка во количка или возење со автомобил може да помогне за смирување на бебето. Исто така, бебињата се смируваат од звукот на правосмукалка или звукот на фен за коса.

Некои бебиња се смируваат со масажа на стомакот во насока на движење на стрелките на часовникот. Можете, исто така, да го ставите бебето на стомак и нежно да го потапкате по грбот.

Чаевите против надуеност, кои можете да ги набавите во аптеките, со состојки како што се анасон, ким и копар, можат да помогнат. Анасонот е познат по своите антиспазмодични ефекти и затоа е составен дел од многу производи за ублажување на дигестивните проблеми.

Исто така, постојат капки што можете да ги пробате за да му помогнете на вашето дете. За жал, овие препарати не можат целосно да ги спречат грчевите, но можат да ги ублажат нивните симптоми.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top