Игротека

Зои Дешанел открива која своја страна никогаш не ја покажува пред децата

Актерката Зои Дешанел не им покажува на своите деца баш сè, како и повеќето родители. Но, за тоа има и сосема конкретна причина.

Иако поминаа неколку години откако Зои Дешанел направи пауза од глумата, публиката и понатаму ја памети по нејзините впечатливи улоги. Таа одлучи да се оддалечи од актерската кариера за да му се посвети на семејството.

Неодамна Дешанел гостуваше во еден поткаст каде што зборуваше за тоа дека како дете била малтретирана и како тие искуства го обликувале нејзиниот идентитет и нејзиниот пристап кон родителството. Иако и денес понекогаш чувствува несигурност, таа вели дека не дозволува децата да ја видат таа нејзина страна.

– Имам ќерка и син и не сакам никогаш да помислат нешто како: „Мама е несигурна“ или „Мама не се сака себеси“. Сакам секогаш да мислат дека сум задоволна со себеси, затоа што децата ја градат својата самопочит преку родителите. Затоа ми е важно да бидам самоуверена – вели таа.

Притисокот врз изгледот во Холивуд

Една од темите во разговорот беше и изгледот на жените во Холивуд. Дешанел истакна дека е свесна колку може да биде суров Холивуд кон жените кога станува збор за изгледот, но се труди таквите коментари да не ѝ влијаат.

– Мојот идентитет никогаш не бил целосно дефиниран од мојот изглед. Секогаш сум се трудела повеќе да ме определуваат мојот стил, уметничкиот и креативниот израз, а не идејата дека сум природно совршена – изјави таа.

Присутна мајка, колку што е можно

Актерката нагласува дека се труди да биде целосно присутна во животот на своите деца кога не работи и да ги вози на училиште, да ги зема од училиште, да ги носи на родендени и да учествува во нивните воннаставни активности. Кога е ангажирана со работа, се фокусира барем на најважните настани.

– Разбирам дека понекогаш не можеш да бидеш таму, но обиди се да дојдеш кога станува збор за нешто големо: натпревар, училишна претстава или слично, затоа што тоа се работи што децата долго ги паметат – вели актерката.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top