Родителството може да биде вистински предизвик. Освен што на вашето дете му овозможувате љубов и поддршка, мора да бидете сигурни дека е дисциплинирано и да научи да се однесува добро. Понекогаш прекумерната љубов и грижа можат да го расипат вашето дете и да го натераат да мисли дека може да прави што сака. Ова исто така може да доведе до проблеми во однесувањето, и додека некои родители се свесни за тоа, други не се.

Ова се некои од показателите дека вашето дете можеби има проблеми во однесувањето.

Не ги почитува постарите

Иако е здраво (и важно) вашето дете да биде блиско и искрено со постарите лица, ако забележите дека тоа покажува непочитување или нечувствителност кон возрасните, не го игнорирајте тоа. Не дозволувајте ни да прифатите погрешен или срамен коментар на некој постар од вас, и иако ова на почетокот може да изгледа како ситница, со текот на времето ќе стане навика и дел од личноста.

Треба постојано да го поткупувате за да ве слуша

Ова е јасен знак дека вашето дете има тежок карактер и може да развие проблеми во однесувањето. Наместо да изберете полесен пат и да ја следите линијата на помал отпор, научете го вашето дете дека понекогаш мора да слуша и „не“.

Сака да ги исмејува другите

Нечувствителноста исто така може да биде показател за лошо однесување. Ако видите дека вашето дете прави нечувствителни шеги со другите, обидувајќи се да ги понижи или да им наштети, треба веднаш да го спречите. Не дозволувајте да го прави тоа, бидејќи може да му прејде во навика.

Секогаш подготвено одговара на критиките

Децата кои имаат проблеми со однесувањето никогаш нема да прифатат дека грешат. Покрај тоа што брзо ќе се спротивстават на советите, тие веројатно ќе знае да одговори апсолутно на сѐ (и често тоа го прави грубо). Додека секогаш треба да слушнете што ќе каже вашето дете, не смеете да дозволите да не ве почитува вас или некој друг.

Никогаш не е задоволно

Дете кое никогаш не е задоволно од она што вие го правите за него или му дозволувате, обично е прилично разгалено. Таквото дете има проблеми во однесувањето. Обидете се да го научите дека мора да избере приоритети за да ја разбере разликата помеѓу она што му треба и она што го сака.

Извор



912

X