Родителите понекогаш ги критикуваат наставниците за секакви работи. Некогаш постои оправдана причина за тоа, но не секогаш. Бидете меѓу оние што знаат да ги препознаат квалитетите на наставникот и бидете родител кој ги почитува луѓето што се одговорени за пренесување на знаењето на неговото дете. Ова се некои работи што ќе ви помогнат да бидете сигурни дека вашето дете има добар наставник.
Детето е среќно
Ако вашето дете оди среќно на училиште, дури и по лоши оценки или пред тест, може да бидете сигурни дека наставникот е одличен. Само добриот наставник може да му ја пренесе желбата за учење на детето.
Наставникот има големи очeкувања од секого
Добриот наставник сака секое дете во неговото одделение да постигне што подобар резултат и нема да се откаже од детето што ќе се покаже како полош ученик, туку ќе му даде поттик и мотивација.
Знае да решава конфликти
Наставникот кој знае рамноправно да се однесува кон децата кога учествуваат во кавга заслужува почит. Таквиот наставник го почитува секое дете и детето се чувствува сигурно во неговото одделение бидејќи знае дека нема да биде неправедно казнето.
Издвојува време за пофалби
Наставникот кој знае да пофали дете, а не само да наведе проблем, е личност која ги мотивира децата да се трудат за да добијат најдобри резултати. Ова е знак дека наставникот е присутен и знае што се случува со секое дете.
Му помага на секое дете посебно
Наставниците поминуваат многу време со децата и може да забележат кога некое дете има потреба од дополнителна помош. Најдобрите наставници ќе им дадат конкретен предлог и на детето и на родителите како да ги совладаат тешкотиите.
Свесен е за важноста на комуникацијата
Детето ќе има многу поголеми шанси за добар успех на училиште доколку наставникот соработува со родителите и обратно. Важна е честата и отворена комуникација, како родителските состаноци, отворените врати и писмените пораки. Добриот наставник ќе го повика родителот и на телефон доколку е загрижен.
Има јасни цели
Ефикасноста на еден наставник се гледа во неговата организираност. Тој на учениците јасно ќе им покаже што треба да научат, кои се нивните задачи и од што зависи оценката. Нивниот час има структура и е јасен. Наставникот им дава можност на учениците за вежбање нови вештини и им поставува нови цели.
Ги ангажира учениците и ги поттикнува да размислуваат критички
Добриот наставник ги стимулира децата константно да прашуваат „Зошто?“ Тој не дозволува доминација на еден ученик над сите.
Се интересира за детето како личност
Добриот наставник е топла личност која се грижи за своите ученици. Редовно е тука за разговор, учествува во активностите во училиштето.
Добро го познава материјалот
Добриот наставник е експерт во предметот што го предава и константно учи за да биде во тек. Знае да ја претстави лекцијата со ентузијазам.
912