Воспитување

Знаци дека сте подготвени за второ дете

Кога веќе толку добро оди со едното дете, колку и да е тешко, ако е живо здраво и весело, тоа значи успех. Вистина, заборавате понекогаш некои работи, како облекување градник пред излегување од дома, пиење на кафето кое сте го свариле и кое стои од утро до вечер на кујнската маса и слични такви работи, најчесто поврзани за сопствените потреби. Сепак, убавината од запознавање ново бебе и сите оние скапоцени работи што толку бргу поминуваат изгледаат сè попримамливи како што поминува времето и вашето прво дете пораснува. Една мајка на две деца истакнува 10 знаци дека сте подготвени за второ дете:

-Со нежност ја гледате и допирате облеката што вашето дете веќе ја надраснало и не сакате да ја дадете на други луѓе.
-Размислувате за своето прво искуство со породување и кревате рамена: Знаеш, можеби породувањето од 48 часа сепак не беше толку лошо.
-Одлучувате дека доволно сте се одмориле.
-Не можете да не дотрчате до новите родители и да не го погледнете нивното бебе, да посакате да го држите и да му ја мирисате главата.
-Почнувате да купувате играчки за домашниот миленик.
-Ги гледате семејните автомобили на улица.

-Немате никаква желба да пробате модерни, нови ресторани. Рестораните кои послужуваат боици покрај оброците се најдобри.
-Веќе сте избрале имиња за бебето број 2.
-Гледате куп играчки дома и сеедно изјавувате: Во оваа куќа има уште простор.
-И така никогаш не сте престанале да носите труднички панталони.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top