Дури и кога ќе станат родители, нарцисоидните луѓе им даваат предност на сопствените чувства и потреби. Дури и нивните деца го немаат тој луксуз да бидат на прво место.
Сепак, повеќето луѓе не се свесни дека имаат карактеристики на нарцис.
Еве неколку работи што откриваат дека сте нарцисоиден родител, дури и ако не сте свесни за тоа:
1. Секогаш прво мислите на себе
Луѓето што се крајно самоуверени и не ја пропуштаат можноста да си дадат значење, честопати ги пренесуваат своите нарцисоидни црти во родителството.
2. Вашите амбиции се најважни
Важно е да продолжите да ги живеете вашите соништа дури и кога ќе станете родители. Сепак, истакнувањето на важноста само на вашите цели и амбиции, покрај тоа што ги игнорирате потребите и желбите на вашите деца, може да предизвика голема штета на долг рок.
3. Ја потенцирате сопствената супериорност
Критикувањето на сите обиди на вашите деца да постигнат и да направат нешто и омаловажувањето на нивните напори со приказни за вашите успеси може да ја наруши нивната самодоверба.

4. Ги споредувате сопствените достигнувања со достигнувањата на вашите деца
Ова е нешто што никогаш не треба да го правите. Ваквите споредби можат негативно да влијаат врз самодовербата на децата.
5. Честопати со вашите коментари правите децата да се чувствуваат виновни
Нарцисоидните родители имаат способност да ги натераат децата да се чувствуваат како да не успеале во разни области и тие често им вметнуваат вина. Истовремено, овие родители раскажуваат бајки за нивните наводни успеси во животот.
6. Барате благодарност
Позитивните родители никогаш не бараат ништо за возврат за грижата и љубовта што им ја даваат на своите деца. Спротивно на тоа, нарцисоидните родители мора да бидат сигурни дека се ценети и дека се признаваат нивните напори.