Првите три месеци од бременоста, односно првиот триместар, може да биде многу тежок. Телото одеднаш почнува да ја менува формата, а вие се соочувате со сензации што се прилично невообичаени за вас. Како што почнувате да се навикнувате на идејата за бременоста, доаѓа период кога ќе бидете нервозни. Но, постојат неколку знаци дека вашата бременост е на добар пат и работите течат во правилна насока.

Првиот триместар се дефинира како време помеѓу оплодувањето на јајце-клетката и 13. недела од бременоста. Можеби сè уште не се познава дека сте бремена, но веројатно го чувствувате тоа. Вашето тело поминува низ многу промени во овој период и можеби е тешко да откриете што е нормално, а што не, дури и ако претходно сте биле бремени.

Како што поминувате низ процесот на создавање и растење на човечко суштество во вас, без сомнение ќе бидете свесни за секоја мала сензација и симптом. Но, постојат некои знаци дека вашата бременост оди добро:

Исцрпени сте

Во текот на првиот триместар вашето тело ќе биде исцрпено. Затоа, ќе ви биде потребен одмор. Дури и да се обидувате да бидете во чекор со редовната рутина, не обидувајте се да се борите со заморот од бременоста. Слушајте го вашето тело и одморете се кога ќе почувствувате дека ви е потребен одмор.

Имате киселини во стомакот

Постојат многу симптоми што може да ги доживеете во првите неколку недели од бременоста, а стомачните тегоби и стомачните киселини се нормални и очекувани на самиот почеток.

Градите ви се отечени и чувствителни

Болните гради се еден од најраните и најчести знаци на бременост и се предизвикани од напливот на хормони. Хормонот прогестерон се зголемува во текот на првиот триместар, што ги прави вашите гради исклучително нежни, болни и чувствителни.

Имате запек

Ако имате проблем со столицата, тогаш тоа е благодарение на хормоните. Прогестеронот ја забавува подвижноста на дебелото црево. Како резултат на тоа, може да поминувате подолго време во тоалет.

Подуени сте

Трудничкиот стомак не е присутен, но поради прекумерната надуеност, вие имате меше. Без оглед дали сте возбудени за тоа или сте вознемирени, тоа е знак дека вашата бременост е на добар пат. Поради хормоните, цревата бавно се движат, па затоа се чувствувате надуено.

Чувствувате мачнини во текот на денот

Утринската мачнина е еден од знаците дека вашата бременост се движи во правилна насока иако терминот е малку погрешен.

Имате чести главоболки

Главоболките во раната бременост можат да бидат предизвикани од многу нешта, но оваа појава честопати се јавува поради утринските мачнини.

Имате желба за храна или аверзија

Ако мислевте дека желбата за храна доаѓа подоцна во бременоста, грешите. Хормоните играат голема улога и во желбата за храна.

Имате зголемен вагинален исцедок

Тенок, млечен, бел исцедок или леукореа е чест симптом на бременост. Исцедокот е предизвикан од хормоналните промени на вашето тело во раната бременост. Зголемениот проток на крв во карличната област ги стимулира мукозните мембрани на вашето тело.

Немате нови симптоми

Понекогаш никакви знаци се најдобриот знак. Се чувствувате добро, и тоа е во ред и е знак за здрава бременост.

Извор



912

X