Поминав низ неколку работни места во живот: бебиситерка, учителка, учителка по пијано, инженер. Некои ги сакав, други не толку многу, но работев напорно на секое од нив со различно ниво на успех. Мајчинството, сепак, е уникатно искуство бидејќи тоа е единствената „работа“ во која не смееме да не успееме. Наше е да ги воспитуваме нашите деца и да го направиме тоа добро. И некои денови – повеќето денови – тоа изгледа како застрашувачка задача.
Не е ни чудо што често се чувствуваме неспособни. Барањата на родителството се тешки. Но, дозволете ми само да понудам охрабрување за мајките: Вие правите одлична работа. Всушност, понекогаш најјасните знаци на одлична мајка најлесно се пропуштаат. Еве неколку што веројатно ги занемарувате.
1. Исцрпени сте – бидејќи напорно работите. Не е мала задача да се разбудите во текот на ноќта со доенче, да одучувате мало дете од пелени или да се занимавате со адолесцентна драма. Допрва треба да најдам фаза во родителство што не исцрпува на одредено ниво.
2. Правите грешки – бидејќи ги учите во реалниот живот. Добро е вашите деца да видат дека не сте совршени, дека ја прифаќате одговорноста за вашите грешки и дека сте подготвени да се извините.
3. Вашите деца прават грешки – бидејќи и тие се луѓе. Да ги научиме како да се справат со грешките е дел од нашата работа. Дозволете им на вашите деца да видат дека нивниот избор може да има последици, но дека секогаш ќе ги сакате.
4. Ги терате да извршуваат задолженија низ дома – бидејќи ги учите да бидат одговорни. Нема секогаш да бидат мали; ги подготвувате за зрелоста со тоа што ќе ги научите дека животот не е секогаш игра.
5. Им дозволувате да не ги извршуваат домашните задолженија – бидејќи ги учите дека животот е повеќе од само работа. Ова изгледа контрадикторно со претходната точка, но тоа не е животот?
6. Пропуштате забава со пријателите – бидејќи вашето семејство ви е приоритет. Сите сме имале моменти на фрустрација поради пропуштената ноќ со пријателките затоа што болното дете или училишната претстава е на прво место.
7. Си овозможувате време за себе – бидејќи да се биде посреќен човек ве прави и подобра мајка. Да, понекогаш мораме да пропуштиме работи што би сакале да ги правиме. Но, грижата за себе е исто така важна.
8. Се чувствувате виновни – бидејќи се грижите. Го сакате најдоброто за нив, а тоа не е секогаш лесно забележливо. Ако моето дете мрази бејзбол по три недели од почнувањето, дали треба да го натерам да ја заврши сезоната или да го оставам да се откаже? Ако децата се расправаат, дали треба да влезам или да им дозволам да го средат тоа? Мајчинството не е за оние со слабо срце. Но, ако ги сакате вашите деца и го барате најдоброто за нив, вие сте на вистинскиот пат.
Автор: Кејти Еплинг
Извор
912