До пред неколку децении беше речиси нормално девојчињата да ја добијат првата менструација без да имаат поим што се случило со нив. Се сеќавам на приказната на една моја другарка од детството. Во моментот кога ја видела крвта, се преплашила. Имала многу строга мајка, па се плашела да ѝ каже, мислејќи дека самата е виновна за тоа што ѝ се случува. Таа отишла во бањата и ги измила интимните делови со ледена вода, што довело до тоа да заврши со воспаление.

Ова е приказна од времето кога циклусот се сметаше за срам, а да се зборува за тоа беше незамисливо. Денес, за среќа, има сѐ помалку луѓе кои бегаат од оваа тема (иако, се разбира, сѐ уште ги има), но се појави друг проблем. Девојките сѐ порано и порано влегуваат во пубертет, што значи дека циклусот доаѓа порано. Затоа, родителите не се сигурни кој момент е вистинскиот за разговор.

Денес, првата менструација може да се појави на возраст од 8 до 16 години. Опсегот е широк, но просечната возраст на која девојчињата добиваат менструација првпат е 12 години.

Затоа, дефинитивно е неопходно навреме да се направи првиот разговор за претстојните промени. Но, како да знаете што е „навреме“?

Кога да се започне првиот разговор за менструацијата?

За да го одредите вистинскиот момент, треба внимателно да го следите физичкиот развој на вашето дете. Во повеќето случаи, постојат знаци дека девојчето наскоро ќе ја добие првата менструација. И денес веќе не е невообичаено тоа да се случи порано.

Она што е, исто така, важно е дека оваа тема треба да се разговара и со момчињата. И ние како родители имаме должност да ги едуцираме за тоа како функционира женското тело.

Кои се знаците дека се ближи првиот циклус?

Растот на градите и срамните влакна се рани знаци на пубертет.

Според Националната библиотека за медицина, градите на девојчињата почнуваат да се развиваат околу две до три години, а срамните влакна една до две години пред нивниот прв циклус. Просечната возраст на која градите почнуваат да растат е 8 години, додека срамните влакна почнуваат да растат во просек на 11,6 години. Податоците се собрани во анкета во САД.

Кои се некои други знаци кои, некаде на патот, може да укажат дека се приближува првиот период? Во месеците пред првиот циклус, кај вашето девојче може да забележите:

  • Акни;
  • Гради кои се „тешки“;
  • Емоционална дисрегулација;
  • Проширување на колкот;
  • Влакна под пазувите;
  • Исклучително интензивен раст.

Вашата ќерка може да се жали од:

  • Грчеви;
  • Ненадејни промени во расположението;
  • Замор (со или без несоница);
  • Запек или дијареја;
  • Надуеност и гасови;

Ако ги забележите овие знаци, тоа може да значи дека се ближи првата менструација (а веќе сте го научиле детето што е тоа), започнува вистинската подготовка.

Подготовки за првата менстурација

Пар чиста долна облека, неколку интимни марамчиња, торба за валкани алишта и две влошки. Ова вашето девојче треба да го има со себе во случај да го добие месечниот циклус на училиште.

Разговор за хигиената

Повеќето тинејџери воопшто не сакаат да се грижат за својата хигиена. Едноставно ги мрази. Но, кога ќе дојде првиот циклус, хигиената станува уште поважна од порано.

Дополнително, разговарајте за важноста на хигиената, колку често треба да менуваат влошки и алишта.

Тешко дека има нешто полошо за тинејџер од тоа да биде последен во нешто. Што да направите ако сите другарки „добијат“, а вашата ќерка не?

Секако, таа не знае дека е среќна што подоцна добила и тоа не можете да ѝ го објасните. Но, можете да зборувате за тоа дека секој организам различно се развива и дека тоа не значи ништо лошо. Споредете го тоа со, да речеме, никнувањето на забите. Некои бебиња добиваат заби на 5 месеци, а некои на 14.

Ако сè уште е вознемирена затоа што, можеби, се плаши дека нешто не е во ред со неа, однесете ја на гинеколог. Исклучително е важно да изберете некој кој е нежен и кој ќе разговара со неа со многу разбирање.

Но, најважно е циклусот да престане да биде табу-тема, причина за криење или срам, за да не е веќе нешто што не се споменува кога мажите се во собата. Тоа е генерациска мантра која, со генерацијата на нашите ќерки, ќе мора да престане.

Извор



912

X