Многу родители често не знаат дали е време нивното малечко да се збогува со попладневната дремка. Како што објаснуваат експертите, повеќето деца престануваат да спијат попладне на возраст од три до пет години. Сепак, многу различни фактори влијаат врз тоа.
И додека некои деца ја прескокнуваат попладневната дремка на две години, други знаат да дремнат по ручекот до петтата година. Сепак, постојат одредени знаци благодарение на кои родителите можат да препознаат дека детето е подготвено да се откаже од попладневната дремка, а еве кои се тие:

-на детето повеќе не му треба дневен сон или му се спротивставува на спиењето
-добро спие цела ноќ без попладневен одмор
-нема повеќе нервоза ако не спие попладне
-детето е добро расположено, без разлика дали спиело тоа попладне или не.
Експертите нагласуваат дека ќе бидат потребни неколку месеци за детето целосно да се приспособи на прекинот на попладневните дремки. Но, ако е постаро од шест години и спие попладне секој ден, тоа може да биде знак за недостиг на сон или нарушување на сонот. Во тој случај, додаваат експертите, неопходно е да се посети лекар.