Учам дека родителството бара балансирање. Не бидете премногу строги или премногу попустливи. Не „задушувајте“ го детето, но сепак имајте доволно граници. Има слатка точка во речиси секој дел од она што го правиме како мајки. Една област која лесно можеме да ја заборавиме е колку се фокусираме на нашите деца.
Дали му посветувате премногу внимание на вашето дете?
Дали е можно тоа? Тоа е исто како да кажете дека сте премногу добра мајка. Но, посветувањето премногу внимание на вашето дете е речиси исто толку штетно како да му посветувате премалку внимание.
Секако, ако вашето дете има посебна потреба што бара дополнително внимание, тоа е друга приказна. Исто така, постојат моменти кога на сите деца им е потребна дополнителна грижа, особено кога животот е стресен. Но, ако кај вас не е ситуацијата таква, одвојте време и прочитајте дали премногу сте фокусирани на децата.
Готвите посебни оброци за децата – секако, ако вие и сопругот јадете лосос и знаете дека децата не го јадат, пица или пилешки прсти се во ред. Но, ако секој ден приготвувате посебни оброци од оние што вие ги јадете, тогаш им покажувате на вашите деца дека кујната се врти околу нив.
Потклекнувате на барањата на вашите деца – мојот постар син е одличен преговарач. Логичен и упорен. Но, дури и ако има добра поента, морам да се држам до мојот став и да не попуштам. Во спротивно, нема да успеам да го научам да го почитува мојот авторитет. Го слушам и му одговарам, но некогаш морам да ја искористам класичната реплика: „Треба да го правиш она што ти е кажано затоа што не си ти одговорен, туку јас“.

Детето ве прекинува додека разговарате со други луѓе – истражувањата за развојот на децата велат дека додека децата не наполнат седум години, имаат многу егоцентричен поглед на светот. Можеби ќе можете да обучите петгодишно дете да не ве прекинува, но тоа нема целосно да разбере зошто е тоа непристојно. Но, за поголемо дете кое треба да биде помалку егоцентрично, прекинувањето додека разговарате е покажување моќ.
Децата ви се поважни од бракот – ако еднаш го ставите сопругот пред вашето дете, тоа нема да му наштети. Не велам дека тоа треба да го правите секој ден и постојано, но ќе му даде чувство на сигурност кога ќе види дека двајцата луѓе што ги сака најмногу на светот се сакаат доволно за да го направат нивниот брак приоритетен.
Немате простор само за себе – да, и тоа е куќа на детето, но ако немате зони без играчки, без игри и без деца каде што ќе можете да издишете, му покажувате на вашето дете дека не постои простор каде што неговите потреби не се предност.
Останувате дома поради однесувањето на вашето дете – сте одбиле покана за излегување затоа што детето нема да се однесува добро? На тој начин им ги давате на вашите деца уздите и пропуштате ситуации кои можат да им помогнат да учат и да растат.
Вашето дете спие со вас секоја вечер – ако вашето 4-годишно дете никогаш не спие во својот кревет, тогаш му посветувате многу внимание. Не зборувам за планирано заедничко спиење. Реактивното заедничко спиење е недостиг на поставување и спроведување граници.
Автор: Аби Ватс
Извор