Родителите често мислат дека нивните деца се посебни. Тоа понекогаш може да биде и во добра смисла, а понекогаш не. Дали некогаш сте се посомневале дека вашето дете се однесува малку поинаку од неговите врсници или сте добиле впечаток дека родителските тактики за кои читате не функционираат баш во вашиот дом? Ако одговоривте потврдно, тогаш можеби имате длабоко чувствително дете.
Д-р Беки Кенеди ги споделува знаците преку кои можете да забележите такво дете.
Имаат почести, поинтензивни и подолготрајни ескалации на однесувањето
„Чувствата на длабоко чувствителните деца се движат на скала од 0 до 100 и се чини дека се поинтензивни, почести и подолготрајни. Мислам дека е важно родителите да знаат оти таквите деца не ги измислуваат своите чувства“, објаснува д-р Кенеди.
Типичните стратегии за родителство не функционираат кај нив
Дали сте прочитале еден куп книги за родителство и сте разговарале со вашите пријатели, но сè што тие советуваат не функционира за вашето дете? Освен тоа, дали чувствувате дека типичните стратегии за родителство уште повеќе го вознемируваат детето? Д-р Кенеди вели дека ова се случува затоа што таквите стратегии навистина не функционираат за длабоко чувствителните деца.
„Клучот е да изберете многу поедноставен пристап. Ако вашето дете збеснува, не кажувајте му ништо во таа ситуација. Не гушкајте го и не тешете го физички. Важно е само да покажете дека сте таму и дека го чувате“, објаснила таа.

Првиот чекор во помагањето на длабоко чувствително дете е да разберете дека вашето дете е токму такво. Тогаш е важно да ги разберете предизвикувачите за неговото однесување и да не ги потврдите неговите стравови дека е толку лошо колку што мисли.
„На длабоко емотивно дете не кажувајте му дека ќе си заминете ако не ја сака вашата помош. Така ги потврдувате неговите сомнежи. Седнете до детето и покажете му дека не се плашите од неговите емоции“, заклучува таа.