Освен класичните изливи на гнев или бес секогаш кога не го добива она што го сака, разгаленото дете можеме да го препознаеме и по некои други, малку посуптилни знаци. Имено, психолозите нѐ уверуваат дека повеќето разгалени деца прават одредени работи што не ги прават нивните врсници. Ова се знаците.
Секогаш е непослушно
Иако понекогаш е сосема нормално детето да не го послуша родителот или друга авторитетна личност, ако таквото однесување се повторува постојано, тоа може да биде знак за разгалено дете. Имено, секое дете мора да научи да ги почитува и слуша родителите, воспитувачите или наставниците, а не постојано да одбива да соработува.
Се обидува да ве контролира
Како што објаснуваат психолозите, разгаленото дете е подготвено во повеќето случаи да го крене гласот и да бара исполнување на неговите желби. Но, таквото однесување е непожелно затоа што детето никогаш не треба да му вика на родителот или да употреби друга сила за да воспостави контрола.

Детето е склоно кон агресивно однесување
Освен што ќе вика, разгаленото дете ќе биде склоно и кон агресивно однесување. Како што објаснуваат психолозите, детето што не ги почитува границите и не знае за граници, ќе има тенденција да го удри или да го повреди родителот, воспитувачот или друго дете за да го добие она што го сака.
Никогаш не сака да споделува
Иако многу студии покажуваат дека не треба да го присилуваме детето да ги дели своите играчки или работи со други деца, сепак, ако никогаш не сака, тоа може да укажува дека детето е разгалено. Психолозите објаснуваат дека разгаленото дете е научено секогаш да добива сѐ што ќе посака, а бидејќи за него нема правила, нема да биде подготвено да ги сподели своите работи.