Да се одбере вистинското време за одвикнување од пелени не е лесна работа. Ако детето се присили на одвикнување пред да биде подготвено, можно е да развие тврдоглавост и противење. Од друга страна, ако се чека предолго, детето ќе биде во можност да ве разубедува во врска со тоа, па целиот процес би можел да се комплицира и подолго да трае.
Така, се поставува прашањето: Кога детето е подготвено да ги отфрли пелените и самостојно да извршува нужда? Овие знаци може да ви помогнат да го најдете одговорот:
1. Редовно ги празни цревата и неговите валкани пелени се сосема предвидливи.
2. Има координација и рамнотежа која е потребна за да седи на нокшир или на веце-школката неколку минути.
3. Мокри на неколку часа и кога го прави тоа, се работи за поголема количина урина.
4. Ви дава до знаење кога сака да оди во тоалет.
5. Разбира едноставни упатства (на пример, оди во тоалет).
6. Може мирно да седи две до пет минути.
7. Може самото да се соблече и облече.
8. Разликува мала од голема нужда.
9. Покажува јасна желба за самостојност (на пример, сам ќе одам и слично).
10. Не му се допаѓа чувството на носење мокра пелена и тоа ви го кажува.
11. Способно е да ја предвиди потребата за мала или голема нужда, неколку секунди пред тоа да се случи и тоа ви го дава до знаење.
12. Љубопитно е и сака да знае како се користи тоалетот или нокширот.
13. Се буди од сон со сува пелена што значи дека веќе развива контрола над мочниот меур.